Почетна Коментар Српски и грчки владици како јанкесеџии три дена се шетаат низ Македонија
Српски и грчки владици како јанкесеџии три дена се шетаат низ Македонија

Српски и грчки владици како јанкесеџии три дена се шетаат низ Македонија

1.49K
4

Двајца грчки и двајца српски владици, како и српски владини функционери три дена се рашетуваат низ македонските цркви и манастири во придружба на Вранишковски и неговите приврзаници. Биле и дел од црковната церемонија што нерегистрираната пара црква на Вранишковски ја организирала за 1100 годишнината од упокјувањето на Свети Климент Охридски во Нижеполе во Битола.

poa-3Денеска Вранишковски своите гости, меѓу нив и скандалозниот и контроверзен Врањски епископ Пахомије, обвинуван за злоставување малолетници во Србија, ги рашетувал низ црквите на МПЦ во Скопје и во Охрид. Покрај Пахомије, во Свети Наум во Охрид, на Пантелејмон во Скопје, како и во други цркви и манастири во Охрид биле и Тимочкиот епископ Иларион, како и Митрополитот на Китрус и Катерини  Георгиј, Епископот Митрополитот Веријски, на Науса и Кампанија Пантелејмон, двајцата од редот на Грчката православна црква. Во нивна придружба бил и Милета Радојевиќ, директор на канцеларијата за односи со верските заедници на Србија.

poa-6Иако станува збор за цркви и манастири на Македонската православна црква, кои се имот на МПЦ, која Вранишковски и неговите приврзаници и медиумски пулени секојдневно ја омаловажуваат и понижуваат како комунистичка и расколничка творба, сепак тој слободно без никој да му пречи ги рашетува своите гости, претставувајќи се како домаќин на туѓото. Таков случај може да има само во Македонија.

poa-1Од друга страна пак тоа покажува дека МПЦ е далеку пред српските шовинистички владици во разбирањето на вредностите на Христијанството.

Коментар(4)

  1. Во духот на братството и единството, а насхиве не смеат пред Високиот гостин од Русија да се посрамотат, да реагираат со забрана поготово кога се очекува да започнат преговорите со СПЦ, а колку и да не боли вистиата РПЦ го признава Вранишковски за владика, кога му доволи да служи во Санкпетербургската митрополија, и во Ниш по повод 1700 години од Миланскиот едикт, а тие што се разбираат од теологија знаат дека единството во Православната Црква се состои во Евхаристиското заедничарење, Ете меѓу Ерусалимската и Антиохиската Црква е прекинато тоа заедничарење, проблемот е околу териториите во Катар. А сега најново од Цариградската кујна е ијавата на Естонскиот митрополит Стефан – Цариградска Патријаршија му предложил на Естонскиот Митрополит Корнилиј – Московска Патријаршиј,а да се соединат во едно и да бидат под јуриздикција на Цариград, значи се работи за територии, да се ослаби моќта на РПЦ, исто како нас што сакаар СПЦ да не потчинат под нивна власт, да ги големаат своите територии да бидат посилни, а не дека се работи за нарушување на каноните на Православната Црква од страна на МПЦ

  2. Velite dva srpski i dva grcki vladici, duri i direktorot na Kancelarijata za odnosi so verskite zaednici na Vladata na R.Srbija bile gosti na Vraniskovski i —negovata neregistrirana paracrkvavo vreme koga treba da se zapocnat razgovorite pomedju SPC i MPC. Pa , bogami, ceetiri vladici od dve avtokefalni crkvi ne idat na gosti kaj nekoj koj e poglavar na paracrkva,ili pak toj e poglavar na,,paracrkva,,koja e takva za onoj koj izgleda ne e prava crkva , odnosno MPC. Toa posvedocuva deka razgovorite so toj koj e prava paracrkva(MPC) odamna ja doziveale zavrsnata faza ,odnosno dekaq razgovorite se odamna zavrseni.

  3. Po se mi se cini deka kaj poglavar na paracrkva i neregistrirana crkva ne odat na gosti cetvorica vladici od dve avtokefalni crkvi i duri i direktor na Kancelarija za odnosi so verskite zaednici na edna drzavna vlada , koj e na nivo na minister,tuku takva delegacija odi koj nekoj koj e zvanicen poglavar i na kogo funkcijta mu e kodificirana so soodvetva crkovna praktika i takvi visoki zvanici odat kaj nekoj koj
    uspesen i ugleden crkoven velikodostoinstvanik

  4. Do skoro, ko bajagi Srbija , kako drzava ne se mesase vi odnosite pomedju SPC i MPC , a sto e sega ova–pratila minister za vera da ja potpomogne antimakedonskata propaganda na verska osnova. Pa dosta se ovie cetiri vladici , sto bara i ministerrort za vera, i pokraj toa sto nosi titula direktor na kancelarijata za odnosi so verskite zaednici na R Srbija i pokraj toa sto do skoro bese direktor na Gradskoto soobracajno pretprijatie na Belgrad

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *