Почетна Вести Христијанство Српски аналитичар предлага МПЦ-ОА да плати 12 милијарди евра на СПЦ за да добие чиста автокефалност
Српски аналитичар предлага МПЦ-ОА да плати 12 милијарди евра на СПЦ за да добие чиста автокефалност

Српски аналитичар предлага МПЦ-ОА да плати 12 милијарди евра на СПЦ за да добие чиста автокефалност

1.01K
5

Одлуката на Вселенската Патријаршија да го отвори македонското црковно прашање, со намета да признае автокефална црква во Македонија ги бранува страстите во Србија, и покрај тоа што тамошните црковни великодостојници засега молчат пред домашната јавност за тоа што може да се случи ако Вселенскиот патријарх Вартоломеј признае автокефална црква. Но на тој молк, одговор бараат тамошните верски аналитичари.

Еден таков пример е една од анализите на оваа проблематика од Дејан Мачковиќ, објавена на порталот теологија.нет. Мачковиќ, кој важи за критичар на работата на СПЦ ја застапува тезата дека Вселенскиот патријарх нема ингеренции да одлучува за автокефалноста на МПЦ-ОА, но од друга страна ја обвинува СПЦ дека не успеала да го реши овој проблем, туку само да го продлабочи со формирање паралелна црковна ерархија преку Вранишковски.

Сепак, овој верски аналитичар има една своја интересна теза. Тој смета дека СПЦ сама треба да го реши црковниот проблем во Македонија, без да чека на Москва и Фанар и тоа во корист н автокефална црква во Македонија.

Но, тој има еден интересен предлог како тоа да се реши. Предлага МПЦ-ОА да си ги откупи епархиите од СПЦ, исто како што СПЦ си ги откупила од Вселенската Патријаршија во 1922 година и тоа во денешна против вредност на партите кои тогаш биле платени. Тоа според неговите преоценки би биле денеска околу 12 милјарди евра.

Мачковиќ го предлага следново:

Имајќи се на ум и тежината на меѓуцрковните односи, влијанието на светските власти, на  прашањето за автокефалноста во Македонија мора да му пријдеме реално, добро одмерувајќи ги и меѓународните и домашните состојби и тоа во наш интерес. Мислам дека проблемот итно мораме да го решиме сами со Македонците, не чекајќи ни на Москва, ниту на Цариград, практично и едноставно.

Автокефалност дефинитивно треба да се даде, но под следните услови.

-Ако Цариград ни е „мајка црква“, тоа никако не значи дека СПЦ е нејзина малоумна ќерка. Грците и Македонците мора да прифатат дека Македонија не е просто предадена на српската патријаршија на духовна грижа од тогашната Вселенска патријаршија 1920 година, туку српскиот крал лично исплатил големо количество пари како надоместок на Цариград во висина  од три државни буџети. Ако, Вселенската патријарпиај сака да направи поништување на продажбата на своите права во Македонија, најнормално е прво да врати три просечни македонски државни буџети, ако не на СПЦ, тогаш барем на семејството Караѓорѓевиќ. Со оглед дека македонскиот државен буџет за 2018 година е над 4 милјарди евра, за очекување е Фанар да исплати минимално 12 милјарди евра.

Освен тоа кога веќе зборуваме за пари, би било за очекување Скопје да ги исплати и сите други преостанати долгови кон патријаршиската каса од 1958 година. Ако веќе сме мајка и ќерка, тогаш  ќесите не ни се сестри, кога веќе се служиме со семејната терминологија. Во меѓународните односи сукцесијата подразбира не само права, туку и обврски, а подеднакво постои и цесија, односно да трето лице ги плати обврските кои второто лице ги направило кон првото. Во тој случај парите би можело да ги исплати само Скопје, пишува српскиот верски аналитичар.

Сепак, тој има уште еден услов.

Автокефалноста треба да ја дадеме единствено и исклучиво под името Македонска Православна црква, не само заради тоа што тоа го сакаат и самите Македонци, туку првенствено затоа што српскиот народ така ги нарекува нашите јужни соседи и нивната територија и нивната црква. Меѓу другото аминувањето македонска црква ќе претставува и конечен доказ за вистинската грижа на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за духовната состојба на Македонците и тоа ќе биде доказ дека е надмината еднофелитистичката поделба, за која редовно проповеда, а исто така ека му се подеднакво мили и Македонците, како и нивните противници во Атина. За успешни преговори би било добро да се исполни барем еден од овие два услова, како знак на добра воља од негова страна, вели Дејан Мачковиќ, посочувајќи дека за решавање на проблемот СПЦ мора да покаже добра воља,  но и Македонците мора да разберат дека иако им се чини дека автокефалноста им е на повидок, без СПЦ можат многу полесно да се најдат на губитничка страна и да паднат во многу поголеми маки, отколку што се сега, заклучува Дејан Мачковиќ.

Целата анализа прочитајте ја ОВДЕ.

Коментар(5)

  1. Од кого биле купени и чии биле? тие епархии.
    Да му појасните на ТЕОЛОГОВ тоа не е купување на епархии туку ПОТКУП т.е симонија.

  2. Изгледа толку пари у требаат на СПЦ. Инаку СПЦ ги откупи за еден милион и шестотини златни швајцарски франци, дали се тоа 12 милијарди евра не знам. Кога во 1766 год. беше укината печката патријаршија, нејзиниот долг го плати Охридската архиепископија. која пак заради долг кон султанот и таа беше укината, а нејиниот долг го плати Цариградската патријаршија, па во 1920 год, си ги врати парите, кои ги ала а Охридската архиепископија. Инаку овој верски аналитичар на кого добро му одговара презимето Мачковиќ бидејки мачките се најлукавите животни, (нема итра лисица има глупава кокошка= топло му ја препорачувам да ја прочита книгата Историја српске православне цркве од почитуваниот професор Душан Кешиж, кој објаснува како св. Сава користејќи ги роднинските врски со виантискиот император Теодор Ласкарис – неговата ќерка била мажена за брат му Стефан Првовенчани доби указ Пеќ да се оддели неканонски од Охридската архиепископија. Кога пак кралот Душан посакал да се зацари морал дда биде крунисан од патријарх, Па српскиот архиепископ Јоаникије II бил издигнат на степен патријарх од автокефалните архиепископи на Охрид, Епир и Великотрновскиот, за кое нешто пак од страна на Цариградскиот патријарх следела анатема врз царот Душан и патријархот бидејќи на Византија не и одговарало да има уште еден цар и шатријарх. Но кога Турците зачукаче на портите на Византија, царот побарал од кнезот Лазар помош, па овој ја искористил шансата да побара да се укине анатемата и да се добие томос за автокефалност, што и се случило. Впрочем Србите и Грците никогаш ме биле пријатели освен кога се работело за имтересите околу Македонија. Во 1920 год. ВП Мелетиј IV за да ги придобие Србите им ги продал македонските епархии на српскиот крал за да мо`же да ја наметне својата автократска власт и да можи слободно да ги окупира европските територии на другите православни цркви како би го остварил сонот за обнова на пропаднатото византиско царство. Ако е паметен доволно е и ова напишано.

  3. Добро си кажува човекот, Александар Караѓорѓевиќ му дал три македонски државни буџети на Цариградскиот Патријарх за македонските епархии. Тие македонски пари стигнале во касата на Караѓорѓевиќ од данокот на македонскиот народ. И за раздолжување тешко дека може да стане збор.

  4. Ооооо, луѓе!!! Конечно Србин призна на каков “канонски” начин е направена Српската Црква во 1922 година. Ете си платиле, и тоа не тие од тогашниот Синод, туку самиот крал и Владата. А за оние кои не знаат еве ќе им кажам: дури и Уставот на СПЦ во 1922 година го направил кралот Александар Караѓорѓевиќ и министрите на неговата Влада, па го потпишал и ом го дал на членовите на Синодот да се раководат според него. А видете сега каков парадокс: денешната СПЦ само за каноничност зборува!!! Ама кога повторно стана збор за кутрата наша МПЦ – ОА тие дури и Вселенскиот Патријарх и каноните ги погазија. Цццц, што ти се вика безумие!
    Знаете што? Има една српска песна која вели: “Дошло доба да се растајемо, али увек чемо да се познајемо”. Хахаха! Дајте бре луѓе, не гледате дека 70 години сме веќе одвоени, прво бевме Република во СФРЈ, а сега веќе независна држава, згора на тоа, на овој простор историски сме имале независна Црква! Оставете не’ на раат веќе, и барем еднаш братски постапете! Дајте оставете го Вселенскиот Патријарх да го реши проблемот!
    А ова со парите, хммм… Зошто да платиме кога ниту ги продадовме епархиите, ниту, пак, нам ни дадоа пари за нив. Што врска имаме ние со тоа? ПРИБЕРИ СЕ МАЧКИЧУ!!!

  5. Луге, како и секогаш полесно е да се бавиме со сплетките и полуистини. “Новинари те, аналитичарите самозвани познавачи на Црковните прилики овие и оние” секогаш догаат до некои решенија и сценарија кои се надвор од темата и немаат никоја врска со истина.
    Кога долговите који што ги имаа епархијите во Македонија кон османската империја ( подоцна република на Турција) се деночни обврски који што епархиите не исплатиле кон државата. Васељенскиот трон имаше обврска д исплатува денок кон Царството… кралот Александар и владата се преузеле на себе обврски д отплатат долгови на епрхиите кон патријаршија-Пазријаршија н држава. И тоа е се

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *