Почетна Вести Српската црква се построи во рускиот строј против Вартоломеј
Српската црква се построи во рускиот строј против Вартоломеј

Српската црква се построи во рускиот строј против Вартоломеј

1.09K
2

sobor spc golemaСрпската православна црква го откажа учеството на Сеправославниот собор закажан за 16 јуни на Крит и на тој начин застана во редот на проруски Цркви кои во последен момент одлучија да го бојкотираат Вселенскиот патријарх Вартоломеј и да го доведат Православието пред најсериозната опасност од нов голем раскол и трајна поделба на Православната Црква.

Откако прва учеството го откажа, Бугарската православна црква, по нејзе и Антиохиската, СПЦ е третата црква која официјално нема да патува на Крит. Сосема извесно е дека Соборот ќе го напушти и Руската православна црква, чии интереси се крајната цел на оспорувањето на Соборот, потоа и Грузиската Православна црква, која меѓу првите не се согласуваше со заклучоците од Соборот.

Српските Архиереи за својата одлука ги известиле сите помесни православни цркви, како и лично Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, од кого бараат одложување на Соборот со цел дефинирање на многу отворени прашања.

Српската Православна црква бара санкции за Романската Патријаршија, која неканонски назначувала свештеници во северо-истична Србија. СПЦ во писмото до Вартоломеј пишува дека овие постапки на Романската црква веројатно ќе доведат до прекин на канонското и литургиско општење на Црковен Белград со Црковен Букурешт.

Владиците на СПЦ, навеле уште серија забелешки, меѓу кои бараат и дефинирање на начинот на доделување и потпишување на Автокефалноста, тема за која сметаат дека треба да се најде на дневниот ред на Сеправославниот собор. СПЦ упатува сериозни забелешки на подготвителниот период за Сеправославниот собор и правилниците за работа, кои ги смета како неправославни и неканонски.

-Недостатокот на воља кај нашата Мајка Црква, Константинополската, барем еден од нашите предлози да биде внесе во темите на дневниот ред, (како што е дискусијата за автокефалноста, за правото на Архиереите да гласаат на Соборот, за третирањето на Соборите од  IX и XIV век); принудени сме со жалење, но воедно и со чувство на својата пастирска и општо црковна одговорност, да ја известиме Вашата драга и почитувана Светост и Вашиот Свети Свештен Синод, дека поради се ова, нашата Црква чувствува тешкотии да учествува на Светиот и Голем Собор и предлага негово одлагање на извесно време, со тоа што собирањето на Крит ќе се смета како предсоборско меѓуправославно советување со цел дополнителна подготовка на Соборот, стои во писмото на Патријархот Српски, Иринеј до Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

/РЕЛИГИЈА.МК

Коментар(2)

  1. Кога Романски владици и свештеници влегуваат во административните граници на СПЦ тоа е неканонски, а кога нивните владици и свештеници влегуваат во административните граници на МПЦ тоа е канонски и етнофилетизам. СПЦ заборави една работа, она што ти не сакаш да ти го прават не прави му го и ти на другите.

  2. Епа Николај, овде се зборува за две цркви, а ти спомнуваш некоја трета , која сеуште не постои како црква , или па бар се додека не биде признаена како црква , а тоа можеби ќе се случи некогаш , или пак како стојат работите, никогаш.

Напиши одговор на Праведен АРИСТИД Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *