Почетна Вести Христијанство Средствата собрани од велигденскиот базар ќе одат за социјално загрозени семејства
Средствата собрани од велигденскиот базар ќе одат за социјално загрозени семејства

Средствата собрани од велигденскиот базар ќе одат за социјално загрозени семејства

64
0

Велигденски базар со хуманитарен карактер се одржа денеска во дворот на црквата Св. Петка во Скопје во организација на Здружението на слепи и лица со оштетен вид и општина Кисела Вода.

Посетителите купуваа декорирани велигденски погачи, пити, колачи, велигденски јајца и други рецепти, кои го симболизираат најголемиот христијански празник Велигден, а се подготвени од жените членки на ова Здружение. Трите најдобри изработки, добиваат парична награда обезбедена од општина Кисела Вода, средства што што потоа ќе им бидат доделени на социјално загрозени лица, членови на ова Здружение.

– На овој начин, нашите жени – членки ги промовираат своите афинитети и можности, односно, покажуваме на кој начин тие ја подготвуваат својата Велигденска трпеза. Сите собрани средства од продажбата, вклучително и наградите од локалната самоуправа ќе им бидат доделени на социјално загрозените члнови на Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје, изјави Алтана Коцева од Здружението за слепи лица и лица со оштетен вид – Скопје.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *