Почетна Вести Свет Средба на Вселенскиот Патријарх со Американскиот Претседател Бајден
Средба на Вселенскиот Патријарх со Американскиот Претседател Бајден

Средба на Вселенскиот Патријарх со Американскиот Претседател Бајден

118
0

Вселенскиот Патријарх деновиве се сретна со Државниот Секретар Џо Блинкен, во придружба на Американскиот Архиепископ Елпидофор, митрополитот Емануил Халкидонски и други членови на Вселенската Патријаршија.

Патријархот зборуваше за „визијата и службата на Вселенската Патријаршија во унапредувањето на меѓурелигискиот дијалог и подигање на еколошката свест“, и за тешката судбина и егзодусот на Христијаните на Блискиот Исток и во Африка.

Тој исто така му заблагодари на Секретарот за американската поддршка на патријаршиските ставови: „Ние сме благодарни на Владата на САД за нејзината континуирана поддршка на Вселенскиот трон, на идеите и принципите што се трудиме да ги запазиме, а истовремено и за нашиот опстанок во историската столица на Константинопол.

Делегацијата се сретна и со претседателот Бајден во Овалната соба на Белата куќа. Според портпаролот на Американската Православна Црква, се дискутираше за заедничката свест дека е потребна итна акција во врска со актуелните климатските промени. Вселенскиот Патријарх напомна дека потребата од одговор на политичките водачи е особено навремена со оглед на претстојниот COP26 состанок во Глазгов. Неговата Сесветост исто така му заблагодари на Претседателот Бајден за неговиот решителен одговор на COVID пандемијата, како и за неговата спремност да ги помогне земјите во развој да обезбедат вакцини за своето население. Најпосле, Патријархот ја изрази својата искрена надеж за повторното отворање на семинаријата во Халки, која беше присилно затворена пред 50 години.

Во разговор со новинарите после средбата Патријархот го пофали Претседателот како „човек со силна вера и визионер“ додавајќи дека „тој ќе им даде на оваа земја и на светот најдобро лидерство и правец според мерата на своите значителни способности“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *