Средба на папата Лав XIV со патријархот Вартоломеј

Date:

Share post:

Во понеделник 19 мај 2025 година во Ватикан, папата Лав XIV го прими Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој во неделата присуствуваше на востоличување на новиот Папа.

За време на средбата, двајцата поглавари ја потврдија својата желба да продолжат да ги негуваат блиските братски односи кои се развија меѓу покојниот папа Франциск и Вселенскиот патријарх. Во срцето на овој однос е заедничката посветеност на заштитата на ранливите и промовирањето на мир во светот.

За време на разговорот, папата Лав XIV и патријархот Вартоломеј се договорија оваа година да одржат посебна средба за да ја одбележат 1700-годишнината од Првиот Вселенски собор, одржан во Никеја, Мала Азија. Настанот е планиран за крајот на ноември, на празникот на Свети Андреј, светецот-заштитник на Вселенската патријаршија, а Папата може да ја посети резиденција на патријархот во Фанар – Истанбул.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img