Почетна Коментар Срце на срцето зборува
Срце на срцето зборува

Срце на срцето зборува

644
0

Достоен, Достоен, Достоен и сто пати, и илјадапати по толку и пак и пак по толку.

Денес беше сецрковно торжество, радост за дојдените заради љубовта во Христа… Радост долгоочекувана, желба кој тивко тлееше во посакувањата на илјадници наши браќа и сестри христијани. Се се радуваше. Толку громогласно Достоин не сум чул, се прашувам дали ќе чујам…

Имав поинаков благослов од првопредвидениот: место да сослужувам, од мал монитор, во репортажното возило на МТВ, го проследував и доловував настанот. Во ниеден момент со разочарување, зашто бев и со тие, присутните, но и со оние отсутните. Се радувам зашто ми се даде оваа улога, ова послушание – да го коментирам животниот настан, личната Педесетница на овој скромен и достоен човек. Овој достоблажен господин ме научи што е послушание и кои се сладостите од таа доблест. А ме научи и многу други нешта за Господа, достојни и блажени, кои кога ќе се преживеат нема зборови со кои би се искажале… Ќе ме учи уште, ќе ни сведочи уште за Господа и Неговата љубов.

Денес,имаше еден транспарент, навидум незабележителен, и на него пишуваше: “Срце на срцето зборува”. Денес беше тоа, многуте срца зборуваа како едно со Бога.

Долгоденствувај владико свет, Преосветен епископе Антаниски, г. Партениј

/фејсбук статус на Отец Бобан

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *