Почетна Вести Регион Србија лани платила 222 милиони динари за здравствено и пензиско осигурување на свештениците
Србија лани платила 222 милиони динари за здравствено и пензиско осигурување на свештениците

Србија лани платила 222 милиони динари за здравствено и пензиско осигурување на свештениците

152
0

Србија од државниот буџет минатата 2018 година потрошила околу 222 милиони динари, или околу 2 милиони евра за здравствено и пензиско осигурување на верските службеници. Овие пари биле уплатени на верските службеници од сите верски заедници, а во Србија има регистрирано 17 такви.

Најголем дел од парите се уплатени за свештениците на Српската православна црква – 1746 свештеници, потоа на Исламската верска заедница за 275 имами и за Римокатоличката црква за вкупно 65 свештеници.

Србија од 2012 година ги плаќа придонесите за здравствено и пензиско осигурување на претставниците на верските заедници и тоа преку Управата за соработка со црквите и верските заедници при Министерството за Правда. Монасите пак во Србија се здравствено осигурени на основа на Законот за здравствена заштита.

Директорот на Управата за верски заедници, Милета Радојевиќ во изјава за Танјуг вели дека освен оваа уплата, државата финансиски ги помага и свештениците во сиромашните краеви на државата.

-Свештениците во овие краеви, но и монасите во изолираните манастири, кои немата приходи, ги помагаме со околу 12.000 динари месечно, вели Радојевиќ.

Според законските прописи во Србија, свештениците се осигурени на минимална плата и кога ќе заминат во пензија ќе ја имаат најниската пензија. Сепак државата овозможува за оние свештеници кои сакаат да имаат повисока пензија, дополнително да доплаќаат во фондот за пензиско осигурување.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *