Почетна Вести Христијанство Српски медиуми: Патријархот Герман беше јасен кога Македонците ќе можат да имаат своја црква
Српски медиуми: Патријархот Герман беше јасен кога Македонците ќе можат да имаат своја црква

Српски медиуми: Патријархот Герман беше јасен кога Македонците ќе можат да имаат своја црква

1.10K
0

Одлуката на БПЦ да преземе одговорност во промоција на автокефалноста на МПЦ пред православните цркви предизвика бура реакции во српската јавност. Покрај изненаденоста кај СПЦ, за која пишуваат медиумите, некои од нив потсетуваа и на историските околности, особено на неконзистентноста на сегашните владици на СПЦ кон ова прашање. Српски „Мондо“, пренесувајќи ја изјавата на сега покојниот социолог и верски аналитичар Мирко Ѓорѓевиќ, потсетува дека со заминувањето на Патријархот Герман, заминало и мирното решение на проблемот.

-Македонската црква се семопрогласи за автокефална во 1967 година, кога на чело на СПЦ беше патријархот Герман. Публицистот и социолог по религии, Мирко Ѓорѓевиќ своевремено потсетуваше дека тогашниот поглавар дал јасна порака. „Патријархот Герман рече – додека сме во една држава која се нарекува Југославија, може да постои само една православна црква, а ако некогаш Македонците постанат самостојна држава, тогаш тие можат да имаат право и на своја самостојна црква. Кога Југославија се распадна и по оној Газиместан и кога почина патријархот Герман, овој случај се искомпликува, изјави Ѓорѓевиќ, пишува „Мондо“

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *