СПЦ гради станови во Белград, цената и до 5000 евра квадрат

Date:

Share post:

Бизнисот со луксузни станови не и непознат и на Српската православна црква. Последниот инвестициски скандал на Црквата, што ја тресе српската јавност е поврзан со стамбено-деловен комплекс во кој заедно со СПЦ инвеститори се уште две други компании. Зградата со 107 единици се наоѓа улицата Цар Душан во центарот на Белград.

Foto:Vesna Lalić/Nova.rs

Цената на становите за квадратен метар е од 4000 до 5000 евра, а сропските медиуми пишуваат дека сите станови веќе се продадени.

Претходно СПЦ имаше исто таква успешна инвестиција во Нов Белград, а според српските медиуми ги има многу повеќе.

И додека СПЦ инвестира во градежниот бизнис, медиумите потсетуваат дека српската држава годишно одвојува милиони за доизградба на храмот Свети Сава и за потребите на црквата.

Бизнисот со инвестиции во недвижен имот не е непознат и на МПЦ-ОА. Досега неколку такви инвестиции со приватни компании има направено. Меѓу попознатите е комплексот згради на местото на мекогашниот паркинг кај ГТЦ, каде Тетовска, Кумановска и Скопскат епархија се јавуваа како коинвеститори. Други случаи се Споште, како и Ново Лисиче. Последен во низата пректи од таков тип е повторно во Споиште, каде ќе се гради комплекс на типски луксузни куќи. МПЦ-ОА, најчесто во инвестициите учествува со името, кој го доби од државата како денационализација.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Архиепископот на Финска во посета на Патријаршијата на Грузија

Митрополиот Шио (Мужири), местобљустител на патријаршискиот престол и Митрополит на Сенаки и Чхоротску, го прими Архиепископот Илија од...

Патријархот и националистите на ист пат: Литија како сигнал за нова православна политика

Во руската престолнина пред извесно време се одржа голема православна литија по повод верскиот празник Собор на московските...

Одбележана 565-годишнината од пренесувањето на моштите на светиот крал Милутин во Софија

Српската и Бугарската православна црква заедно одбележаа 565 години од пренесувањето на моштите на светиот српски крал Милутин...

Јубилејна литургија по повод 50 години од осветувањето на храмот „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров

На 9 ноември 2025 година, по повод 50-годишнината од осветувањето на храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во...