Почетна Коментар Спроти Божик – добри вести за исцрпениот свет
Спроти Божик – добри вести за исцрпениот свет

Спроти Божик – добри вести за исцрпениот свет

168
0

Годината која тукушто заврши, 2016, не беше добра година за исцрпениот свет. Но како што ангелот Божји рече во евангелието според Лука 2:10-12 ( и „евангелие“ значи „добра вест“): „Но ангелот им рече: Не плашете се! Ви носам радосна вест, што ќе ги зарадува сите народи. Денес, во Давидовиот град, во Витлеем, ви се роди Спасителот – Месијата, Господ. Доказ за ова ќе ви биде следното: во јаслите ќе најдете Новороденче во повој.“

Повеќето луѓе ја знаат Божикната приказна, приказната за раѓањето на Исус од Назарет. Но сте помислиле ли некогаш за околностите во однос на неговото раѓање и на културата, општеството и времињата во кои Исус бил роден? Времето: екот на Римската Империја, која владеела со светот до кај што бил познат. Околностите – пописот во империјата што ги довел Јосиф и Марија во Витлеем – но бидејќи немало место во гостилниците, Исус бил роден во штала, со животните. Овчарите во полето биле избрани од Бога да ги примаат првите вести за раѓањето. Овчарите во тоа време биле сметани за ниска класа на луѓе, па сепак тие биле првите што ги слушнале добрите вести. И еврејската култура во која бил роден Исус – Евреите очекувале освојувачки крал кој ќе ги порази Римјаните и ќе го донесе Царството Божјо на земјата. Но, тоа не било дел од Божјиот план. Исус не дојде да донесе царство на земјата, туку духовно царство. Тој не донесе политичка порака; тој донесе духовна порака, порака за спасение на скршениот свет. Спасение преку Христа не значи дека верникот ќе биде ослободен од маките и проблемите (Јован 16:33- „Овие работи ви ги кажав, за да имате мир преку единство со Мене. Додека сте во светот, ќе доживувате страдања, но разведрете се – Јас го поразив светот!“) туку дека Бог секогаш ќе биде тука (Исус Навин 1:5- „Никој нема да ти се спротивстави во текот на сите денови од твојот живот; и како што бев со Мојсеј, така ќе бидам и со тебе: нема да те оставам и ниту ќе те презрам.“).

Пред речиси 100 години, д-р Џејмс Френсис, пастор во Лос Анџелес, Kалифорнија, напиша едноставна приказна за тоа како Исус Христос повлијаел на светот. Френсис напишал: „Тој бил човек роден во непознато село, дете на селанка. Израснал во друго село. Работел како дрводелец додека не наполнил триесет години. Потоа, три години бил патувачки проповедник. Никогаш не поседувал дом. Никогаш не напишал книга. Никогаш не бил на функција. Никогаш немал семејство. Никогаш не студирал. Никогаш не стапнал во голем град. Никогаш не отпатувал 300 километри од местото во кое се родил. Никогаш не направил ниедно од нештата што обично ја придружуваат големината. Тој нема други акредитации освен Себеси.

Додека се уште бил млад човек, бранот од јавно мислење се свртел против него. Неговите пријатели се разбегале. Еден од нив се откажал од Него. Го предале на Неговите непријатели. Го исмевале на судењето. Бил распнат на крст меѓу двајца крадци. Додека умирал, неговите џелати се коцкале за единственото нешто што го поседувал на земјата- неговото палто. Kога умрел, го положиле во позајмен гроб добиен од сожалување од еден пријател. Деветнаесет века дојдоа и пројдоа, а денес Тој е во фокусот на најголем дел од човештвото. Сите армии што некогаш марширале, сите морнарици што некогаш биле создадени; сите парламенти што некогаш заседавале и сите кралеви што некогаш владееле, заедно, немале таков моќен ефект врз човекот како тој еден осаменички живот.“

Промената на календарот е и многу вистински настан, кој го означува фактот дека земјата свртела еден круг околу нашето сонце, но е и симболички настан во кој ние луѓето вртиме нов лист и почнуваме од почеток. Без оглед на тоа што се случило претходната година, особено работите што ги сметаме за лоши, годината пред нас е секогаш време на кое однапред му се радуваме. И размислете на тоа- причината поради која сега ги вртиме страниците на тој календар и ја прославуваме 2017 година е Исус Христос- никој друг во историјата на човештвото не можел да го подели времето на две, но Исус успеал во тоа. Ако тој може да го подели времето на две, а го сторил тоа, помислете што се тој може да стори за вас.

mikoОва се, тогаш, добри вести за исцрпениот свет, добри вести за вас. Бог одбра да живее со нас. Бог одбра да живее со тебе. Едно од многуте имиња на Исус е Имануел, што значи „Господ со нас“. Бог дојде на земјата да живее меѓу нас и го стори тоа во форма на невино бебе кое порасна безгрешно и потоа се жртвуваше за спасението на сите нас кои го признаваме како Бог. Мојата молитва за вас, како поединец, е овој Божик да го спознаете Бога и неговиот син Исус и Светиот дух, тројниот Бог кој им ги нуди целото утешение и спасение на тие што веруваат во Него. Верувајте ми, радоста од спознавањето на Бога не може да се опише и е најрадосен начин на живеење. Среќен Божик.

Пишува: Џејсон Мико (ДНЕВНИК)

(АВТОРОТ Е МЕНАЏЕР ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА ОД АРИЗОНА (САД), И ДОЛГОГОДИШЕН НАБЉУДУВАЧ НА СОСТОЈБИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА И ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *