Почетна Коментар СПЦ во улога на илузијата за Велика Србија
СПЦ во улога на илузијата за Велика Србија

СПЦ во улога на илузијата за Велика Србија

668
26

Настана хаос во Црна Гора против новиот Митрополит Јоаникиј и српскиот Патријарх Порфириј. Протести против интронизацијата на новиот Митрополит на Српската Црква и блокада на патиштата кон историскиот главен град на Црна Гора, Цетиње, кој го узурпираа и црковно го запоседнаа српските освојувачи.

Мнозинството Црногорци се спротивставуваат на империјалистичката јурисдикција на Српската Црква во една веќе независна земја, каде само една третина од населението се самоопределуваат како Срби, додека, пак, убедливото мнозинство не сакаат нивната Црква да е додаток и компонента, инструмент и агент на Белград, а со тоа на Москва. Сепак, Српската Црква самоволно и противканонски, продолжува да се наметнува врз сиот црногорски народ и покрај тоа што нејзината улога е секаква освен духовна. Нејзината улога, како и на Руската Црква во Украина, во Белорусија или во Молдавија, е ширење на илузијата за „Велика Србија“, негирањето на независноста и владеењето на веќе независните земји од бивша Југославија, наметнувањето на српската и руската агенда во земји кои имаат одлучено да припаѓаат на демократскиот и слободен западен свет, на Европа и НАТО, а не на импреријалистичките новосоветски илузии на убиецот Путин и на неговите марионети.

Да забележиме дека во неодамнешно истражување на јавното мислење на Црна Гора, од збирот на Православни во земјата, 34% се самоопределуваат како верници на Српската Црква, 21% како верници на неканонската „Православна Црква на Црна Гора“ и 36% како едноставно Православни кои не сакаат да се поврзуваат со едната или со другата страна. Тоа значи дека мнозинството на Православни, т.е. вкупно 57%, не ја посакува духовната и административната припадност кон Српската Црква, единствената денес канонска јурисдикција во земјата. Значи постои едно сериозно духовно прашање и проблем во Црна Гора. Десетици илјади верници се наоѓаат надвор од канонската Црква, не од догматски причини, туку затоа што не сакаат да припаѓаат на една етнофилетистичка Црква – Српската, која функционира поткопувачки за владеењето и независноста на нивната татковина, но и за самиот нивен национален идентитет. Значи, нешто слично, иако во помали бројни величини, со она што се случуваше три децении во Украина. Карактеристично е за негативната улога на Српската Црква во Црна Гора она што ниту Московјаните не се имаа осмелено да го направат во Украина или на друго место т.е. користењето на националното знаме на Србија за црковни собири на Српската Црква во Црна Гора!!! Станува збор за директен чин на крајно предавство и се чудам како сеуште ги толерираат во таа земја…

Тажен е исходот и за Српскиот Патријарх и за Митрополитот Јоаникиј, кои – бидејќи жителите на историскиот главен град на Црна Гора, Цетиње, ги блокираа патиштата за да не поминат непосакуваните освојувачи – дојдоа до степен да… ги извлекуваат буквално со хеликоптер обезбедувани од моќни безбедносни сили и да се носат во манастирот како…осуденици во притвор! Невидени слики за црковни водачи… Дали е тоа Црквата Христова? Дали тие луѓе се служители на Христа? Се сомневам. Нивните зборови и нивните дела покажуваат дека се слуги на световни началници и стремежи, а не на Распнатата Љубов. Тоа се луѓе кои го поделуваат – во сопствена корист – народот на Црна Гора. Носат не мирот Христов, туку идејата за „Велика Србија“ и српскиот етнофилетизам, камуфлиран зад ликот на Свети Сава, когошто го користат не како пример за светост во Христа, туку како началник и основач на „Српската“Црква, т.е. на една секта со национални и политички карактеристики која нема никаква врска со Евангелието на Љубовта, со Православието и со Христијанството генерално.

Тоа е за да видат болните мосхофили и србофили кои се еретиците што ја имаат направено Црквата Христова ефтина наложница на нивниот човекомразен национализам. Руси и Срби за мене, барем според нивната денешна официјална црковна управа и политика, се движат акробатски опасно кон ерес. Во ереста позната од Големиот Сеправославен Собор, Етнофилетизмот, а и во други ереси од црковен карактер. Имаат кренато петица против Мајка им – Големата Црква, со повод Украинското Црковно Прашање и нивната дрска услуга за руските сребреници во Москва, а Духовниот Закон, во Духот Свети, почна да ги воспитува. Ако го разберат тоа и се покајат навремено, ќе има добро, во спротивно ќе се соочат со ужасни искушенија, видливи знаци и чудеса од Богонапуштањето поради нивната навреда.

Нормално, постојат и исклучоци во Српската Црква. Но тие исклучоци денеска трпат суров прогон од агентите на Москва, како што е озлогласениот епископ Иринеј Буловиќ, таа жалосна марионета на Москва, кој за жал, го контролира и води новиот Српски Патријарх. Се надевам да не го одведе во духовна пропаст и излез од Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква…

Пишува: Архимандрит Роман Анастасиадис ( Кридска црква – Вселенска Патријаршија)

Коментар(26)

  1. Прва неистина је на неканонска ЦПЦ има 21% верника у ЦГ. Групи око Мираша Дедеића припада група атеиста ,екстремних црногорских националиста,следбеника Секуле Дрљевића фашисте. Да свар буде још смешнија тог истог Мираша Дедеића расчинио је лично Васељенски Патријарх Вартоломеј због канонских преступа.
    Друго етнофилетизам постоји у Православљу,али не само код СПЦ и Московске Патријаршије него код свих. Управо етнофилетизам је узрок настанка ПЦУ у Украјини .
    Треће ово је један безначајан геј -калуђер који је очигледно плаћен од стране империје зла ( НАТО,САД) да овако пише,а можда га је платио и нарко картел Мила Ђукановића.
    Ништа озбиљно

    1. Прво ако не знаеш да говориш и пишуваш македонски, научи се. Второ, човекот не го спомна ни Мираш, ни Секула, ни Мило, ни фашистите, за кои очигледно ти единствено знаеш и само тоа те интересира. А од каде знаеш дека е геј, тоа не сакам да знам …

  2. Токму преку инсистирањето на формирање на автокефални цркви по национален клуч господинов сака да ја претвори “Црквата Христова во ефтина наложница на човекомразен национализам”. Но му благодариме на искреноста бидејќи на овој начин точно открива која му е целта.

      1. Можам и да ви дообјаснам. Имено, национализмот во Црквата нема да го неутрализираме така што ќе подржуваме создавање на автокефални цркви во секоја држава туку баш напротив, односно преку создавање на повеќе автономни цркви во различни држави кои ќе бидат во склоп на некоја од постоечките автокефални цркви со што практично ќе се неутрализира секој етнофилетизам во Црквата независно од каде и да доаѓа.

        1. и така да го утврдиме постоечкиот етнофилетизам; браво, нема што…

          1. Канонските цркви во светот не се етнофилетистички, иако во нив постојат такви струи кои со тек на времето отпаѓаат во раскол, додека неканонските денес се градат исклучиво на етнофилетистички основ и од позиција на раскол! Вие дури и да сте во право за етнофилетизмот на канонските цркви, само со создавање на уште повеќе етнофилетистички цркви проблемот се разбира не само што нема да го решите туку во целост ќе ја израмните Црквата со светот.

          2. Канонските цркви во светот не се етнофилетистички, иако во нив постојат такви струи кои со тек на времето отпаѓаат во раскол, додека неканонските денес се градат исклучиво на етнофилетистички основ и од позиција на раскол! Вие дури и да сте во право за етнофилетизмот на канонските цркви, само со создавање на уште повеќе етнофилетистички цркви проблемот се разбира не само што нема да го решите туку во целост ќе ја израмните Црквата со светот.

        2. Не знаев дека си толку паметен. Тоа ние ќе си одбираме која од постоечките цркви ќе биде над нас, или тие ќе бираат? Демек има избрани од Бога, а ние другите ќе бидеме од неизбраните … има доста будали луѓе, ама не знаев дека има и будали и глупи истовремено … независно од каде доаѓаат …

  3. Реков секој етнофилетизам ќе биде неутрализиран бидејќи ако доминантната страна признава автономии со самото тоа ја анулира сопствената доминација.

    1. Затоа служиш во стан … оти остана под доминацијата на тој што го претставуваш како недоминантен … и овде коментираш бидејки немаш друга работа, како што немаш ни паства …

      1. Вие очигледно верувате дека не Бог, а ѕидините на храмот спасуваат иако Евангелието говори спротивно! …нема да се поклонувате на Оца ни на оваа гора ни во Ерусалим…но доаѓа час и веќе дошол кога вистинските богомолци ќе се поклонуваат на Оца во дух и вистина, зашто Отецот сака такви да бидат оние кои му се поклонуваат. Јн 4. 21-23 Тоа е целата разлика меѓу нас. Имено ние го слушаме Господ и со тоа ги мериме нашите епископи, а ви ги слушате вашите епископи кои говорат исто што и политичарите и згора на тоа постапувајќи така ги боготворат.

  4. Pa zarem slugata na Fanarot, ovoj kaluger, ima usta nesto da kaze. Pa toj e zaslepen i od fanariotizmot i od etnofiletizmot. Toj ne vidi deka negoviot ,, istocen papa,, go podeli pravoslaveto na dva bloka-grcki i antigrcki-slovenski blok. Toj ne moze da svati deka negoviot papa ne e papa, tuku samo prv po cast, ne po vlast. Toj nema pravo supremacije nad ostanatite episkopi kako rimskiot episkop (papa) I nema pravo da do deluva avtokefalija na nikogo, tuku samo da i dava tomos za avtokefalija, na predlog od majka crkva. Toj ja izlaga Ukrainskata crkva, i dade lazna avtokefalija, kako sto ja laze i Makedonskata crkva deka ce i dade avtokefalija.

  5. Не сме знаеле дека сме имале толку големи теолози … браво …
    Во која парохија сте, да дојдеме по благослов?

    1. Историски факт е дека нашиот народ ја формира својата држава во рамки на Федерација, а тоа не значи и меѓународно признат субјект туку само федерална единица во време кога нејзнината територија Црковно припаѓа на одредена помесна автокефална Црква. Согласно со тоа. самиот редослед на нештата налага истите понатаму да се развиваат во тие рамки, а не надвор од нив се до евентуална автокефалија.

      1. Се додека верувате поинаку во Црквата, нема потреба да доаѓате бидејќи токуму заради тоа ние сме две различни вери!

  6. GEORGI, vo onaa parohija, na onaa crkva koja dobi blagoslov od partizanskite komesari na celo so Dositej Stojkovic od Smederevo I negoviot djakon Stojan Jankovic (sega Jankovski) od Staro Nagoricino. Vo taa crkva sum koja eve 70 godini si ja bara svojata majka crkva da bi se kanonski povrzala so nea da bi go dokazala svoeto kanonsko postoenje I da dokaze deka ne e crkva na Lazar Kolisevski, Dragoljub Stavrev i dr zasluzni DRUGARI,, a ti potrudi se da razbiras I nekoj drug jazik, osven onoj koj poteknuvame od bugarskiot, kako sto veli tvojot premier. Nauci go barem albanskiot da bi drzal propoved vo hramovite na MPC, koja eden den ke si ja najde majkata.

  7. Georgi, pa i ti da si pameten bi go naucil tvojot poglavar da znae koja crkva e majka na tvojata I negovata crkva. U is li albanski jazik da bi postanal po pameten. Uci, ce ti treba.

    1. Не знам кога еднаш ќе разберете вие и вашите неканонски владици дека канонските цркви денес во светот не се национални цркви и покрај тоа што носат такви називи, туку помесни автокефални испостави (филијали, инсталации) на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква?

    2. Исто така, ако вие веќе толку ревнувате за национална автокефална црква кажете ми ве молам како ќе се вика таа црква? Северномакедонска или Охридска Архиепископија? По правилото на националниот клуч треба да се создаде северномакедонска православна црква но ако е она второто тогаш каде е тука националниот назив? Пимен сигурно знае, прашај си го. На нас верувај ни е многу лесно, а вам не знам.

      1. Вие сега со Зоки како се викате? А на Пимен вода можи да му носите. Една дума негова е подлабока и посвета од вашите брзозборки тука и насекаде …

        1. Тежи, тежи како онаа во стилот што ќе ми дадете и ќе ви Го предадам. Слушаш ли ти што воопшто зборува човекот во последниот напис на страницава?!

  8. Georgi, na tebe ti e najlesno, znaes makedonski, ubavo ce naucis albanski kako jazik na Makedonskata idnina i nikoj kako tebe

Напиши одговор на Александар Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *