Почетна Анализа СПЦ во изборот меѓу Руската црква и Вселенската патријаршија сака да седи на две столици
СПЦ во изборот меѓу Руската црква и Вселенската патријаршија сака да седи на две столици

СПЦ во изборот меѓу Руската црква и Вселенската патријаршија сака да седи на две столици

172
0

Расколот меѓу Московската патријаршија и Цариградската патријаршија формално нема да биде на дневниот ред на вонредното заседание на Светиот архиерејски Собор на Српската православна црква, кој е закажан за 6 ноември, иако, како што наведува Танјуг повикувајќи се на црковни кругови, за оваа тема сигурно ќе се расправа во СПЦ.

Разидувањата кои се создадоа по признавањето од страна на Цариградската патријаршијана на автокефалноста на Украинската Црква, која беше под јурисдикција на Московската Патријаршија, по што Москва возврати со прекинување на односите со Цариград, прогласувајќи го Патријархот Вартоломеј за расколник, ја стави СПЦ во неизвесна позиција, пишува Танјуг, јави дописникот на МИА.

Имено, СПЦ има добри односи со Руската православна црква, како и со Цариградската Патријаршија, под чија надлежност е и српскиот манастир Хиландар на Света Гора во Атос, па затоа оцени Танјуг, многу е важно да се задржи таквиот однос.

Истовремено, се додава во текст, овој настан се заканува да ја отвори Пандорината кутија и да ги „поттикне” децениските напори за формирање на независна Македонска, Црногорска и Хрватска православна црква.

Позицијата на Српската православна црква е „неупитна“, се согласуваат аналитичарите и верските теоретичари на Танјуг, истакнувајќи дека не може да се повлече аналогија со случајот на Москва и Цариград.

Александар Попов од Центарот за регионализам во Нови Сад смета дека одлуката на Васеленскиот патријарх нема да предизвика домино ефект.

-Се чини дека оваа одлука на Васеленскиот патријарх беше под влијание на одредени политички притисоци. Но, не верувам дека тој во блиска иднина ќе покрене автокефалност на Црногорската и на Македонската православна црква, рече Попов.

Верскиот аналитичар Жељко Ињац за Танјуг посочи дека расколот меѓу Српската и Македонската црква е произлезен од политичкото барање и одлуките за време на комунизмот и дека имаше неколку обиди да се смират двете страни.

-Од Српската црква навистина постои добра волја да и се даде автокефалност на Македонската црква, и тоа никој не го оспорува, но СПЦ инсистира на тоа да се оди преку легални патишта. Српската Црква и даде автономија на Македонската православна црква и во МПЦ постои Православна Охридска Архиепископија предводена од епископот Јован Вранишковски, кој беше прогонуван токму поради тоа што сакаше преку легални патишта да се добие автокефалност за Македонската православна црква, објаснува Ињац.

Второ, СПЦ има значаен имот во Македонија, голем број на свети места, задужбини, манастири и цркви изградени од средновековните српски владетели.

– Малку е разговарано за овој проблем и тој мора да се реши пред да се даде било каква автокефалност – изјави Ињац за Танјуг.

Тој не очекува за македонското прашање „какво било отскокнување од каноните од страна на Цариградската Патријаршија, барем не во наредниот период, но нешто подоцна, според Ињац, Цариградската Патријаршија под политички притисок може да ја признае Македонската православна црква.

-И тоа не под името Македонска, можеби како Скопска Црква, бидејќи придавката „Македонска“ им пречи на Грците, заклучува Ињац.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *