Почетна Вести СПЦ: Само Охридската архиепископија на Вранишковски е канонска црква во Македонија
СПЦ: Само Охридската архиепископија на Вранишковски е канонска црква во Македонија

СПЦ: Само Охридската архиепископија на Вранишковски е канонска црква во Македонија

765
0

Белградскиот дневен весник „Политика” во денешното издание анализирајќи ја одлуката на Бугарската православна црква (БПЦ) да прифати да ја застапува Македонска православна црква (МПЦ) пред останатите цркви заради утврдување на канонскиот статус, пишува дека ги „возбуди” црковните кругови во Белград.

Пишувајќи опширно за следот на настаните на релација меѓу МПЦ и БПЦ и одлуката на Синодот на БПЦ, весникот повикувајќи се на извори од „врвот на Српска православна црква“ (СПЦ) пишува дека Светиот архиерејски синод на СПЦ вчера имал редовна седница, на која на маргините се расправало и за настаните во Бугарија.

Како што пишува „Политика“, во врвот на СПЦ неофицијално изјавиле дека се „изненадени со одлуката на Бугарската патријаршија и се надеваат дека Синодот во Софија ќе остане на линија на канонскиот поредок на црквата, со оглед на тоа што Охридската архиепископија на чело со архиепископот Јован Вранишковски, после неодамнешната пресуда на Европскиот суд за човекови прашања во Стразбур, е законска канонска црква на тоа подрачје.“

„На православниот народ во Македонија не му се скратени никакви права. Тој факт е потврден не само со канонското право, туку и според највисоките правни акти на Европската Унија“, напоменуваат изворите на „Политика“ од СПЦ.

Пишувајќи за одлуката од Стразбур и за реакцијата на ПОА на Вранишковски, „Политика“ повикувајќи се на нејзините неименувани соговорници потсетува дека „СПЦ ја издала  потврдата за автономија на Охридската архиепископија, преку акт потпишан од покојниот патријарх Павле и целиот собор на СПЦ, што е потврдено и од Васеленската патријаршија во Цариград.“

Врз основа на Нишкиот договор од 2002 година помеѓу СПЦ, и како што пишува белградскиот весник, „канонско непризнатата МПЦ“ македонските епископи прифатиле да се вратат во канонско единство со СПЦ, но по враќањето во Македонија ги повлекле потписите“.

Историчарот д-р Александар Раковиќ од Институтот за најновата историја на Србија, за „Политика“ изјави дека „со формирањето на власт на Зоран Заев во Скопје, дошло до будење на бугарофилските струи во сите структури на општеството, па така и во МПЦ“.

Опишувајќи ја хронологијата на настаните во Македонија и изјавите во македонските медиуми, Раковиќ за „Политика“ констатира дека „потегот на МПЦ е противканонски, незрел и не помага кон решавањето на проблемот“.

Според него, и потегот на БПЦ е противканонски, бидејќи БПЦ како автокефална црква нема никакво канонско право да ја застапува МПЦ, која е во раскол со СПЦ, со што одлуката на БПЦ е мешање во внатрешните односи на Патријаршијата во Белград.

Според „Политика“ во потегот на МПЦ треба да се бараат и политички мотиви, бидејќи Бугарија од 1 јануари 2018 година го презема претседавањето со ЕУ, а официјално Скопје се надева дека тогаш конечно ќе ги отвори преговорите за членство во ЕУ, пренесува МИА.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *