Почетна Вести СПЦ револтирана од однесувањето на Вселенскиот патријарх Вратоломеј
СПЦ револтирана од однесувањето на Вселенскиот патријарх Вратоломеј

СПЦ револтирана од однесувањето на Вселенскиот патријарх Вратоломеј

644
0

Српската православна црква е револтирана и веројатно повредена поради тоа што за посетата на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј на Словенија дознала од медиумите. Овој револт, СПЦ преку Митрополитот Порфирије го објави и во форма на соопштение. Иако во него посочува дека причината не е за да предизвикува некаква реакција, сепак СПЦ јасно му посочува на Вартоломеј кои се канонските процедури при посета на туѓа јуриздикција.

porfiriej 2Владиката Порфирије во соопштението ја потсетува Вселенската Патријаршија дека територијата на Словенија од 1922 година е составен дел на СПЦ.

-Од овие објавени вести може да се создаде погрешен впечаток дека никој од Српската Патријаршија – на чија канонска јуриздикција, според прецизната одредба на Патријаршискиот и Синодски Томос од 1922 година припаѓа Словенија, не нашол за потребно да ја изврши својата елементарна обврска, односно да го посети Неговата Светост Патријархот. Всушност се случи спротивното. Надлежниот митрополит загребачко-љубљански, г. Порфириј е меѓу последните кои би биле рамнодушни кон присуство на кој било архиереј во границите на неговата епархија, а камо ли кон Вселенскиот Патријарх. Но, иако ова не е таканаречена дијаспора, ниту пак канонски неред кој во неа се запазува, туку подрачје на една сеправославно призната автокефална Православна црква, одговорните лица и службите на Мајката црква, најсветата Цариградска Црква не најдоа за потребно формално да го известат подрачниот пастироначалник, или кој било орган на СПЦ за присуството на Свештениот патријарх, макар и по неговото заминување.

Со ова соопштение ниту демонстрираме дрскост, ниту пак тражиме некој да ни полага сметки за неговото движење. Единствено даваме објаснување за да се избегнат мони погрешни објаснувања и толкувања, но и да сами себе и едни на други да се потсетиме на тоа дека понекогаш може да ни се случи она за што вообичаено, со право, им го замеруваме на браќата, стои во соопштението реакција на Митрополитот на СПЦ, Порфириј.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *