Почетна Анализа СПЦ прогласи за светец уште еден контроверзен владика заслужен за ширење на српскиот дух во Македонија
СПЦ прогласи за светец уште еден контроверзен владика заслужен за ширење на српскиот дух во Македонија

СПЦ прогласи за светец уште еден контроверзен владика заслужен за ширење на српскиот дух во Македонија

928
1

Српската православна црква одлучила да прогласи уште еден светец, кој според историските записи на СПЦ имал голема улога во „духовната обнова, просветлување и националното освестување“ на населението од Македонија.

По одлуката за светец да биде прогласен контроверзниот Николај Велимировиќ, Саборот на СПЦ оваа година одлучил за светец да го прогласи и некогашниот скопски митрополит Викентије Криџа.

Станува збор исто така за контраверзен лик од српската црковна историја, кој дејствувал во Македонија како трет скопски митрополит по потекло Србин, а воедно бил и јатаг српските четнички банди кои влегувале на територија на Македонија на почетокот од XX век.

Она што дополнително е интересно е образложението во одлуката на СПЦ во која стои дека го прогласува за светец како „маченик,убиен од бугарските окупатори“.

Викентије Криџа

Но, кој е Викентије Криџа, митрополит Скопски од октомври 1905 година?

За митрополит е поставен од Цариград, но дејствува како трет владика Србин на овие простори, по Фермилијан Дражиќ и Севастијан Дебељковиќ. Сите тројца имале иста улога, да го шират српскиот црковен дух во Македонија и да бидат отпор на населението кон Бугарската егзархија.

Во српската историја, заснована на сведочења од денови и врз основа на направени неколку извештаи за истрагата за неговата смрт, пишува дека Викентије бил убиен на 2 декември 1915 година од бугарски официери по налог на тогашниот бугарски митрополит Неофит, кој по влегувањето на бугарската војска во Скопје ја презел митрополитската катедра на Викентије.

-Повеќе искази на релевантни сведоци велат дека идејата за ликвидација на викентије дошла од Неофит, кој по влегувањето на бугарската војска во Скопје, дошол од Софија за да ја заземе катедрата до митрополитот Викентије. На почетокот од 1916 година, Неофит во Скопје и јавно се фалел како дошол моментот за освета над митрополитот Викентије, наводно поради тоа што тој во моментот на неговото доаѓање во Скопје во 1913 година, наредил на Неофит да ми се стави превез преку очите. По доаѓањето на сојузничката армија во 1918 година, Неофит побегнал во Ќустендил, каде се до неговата смрт во 1938 година се наоѓал под заштитата на бугарските власти. И покрај доказите и недвосмислените заклучоци на комисијата, Неофит не бил осуден, пишува во еден од извештаите за истрагата за смртта на Викентије, во српската историја.

Поантаму, во овие извештаи се заклучува дека неговото убиство било однапред планирано затоа што: „очигледно, овој злостор е мотивиран и личната омраза и користољубие, а политичката позадина на тој чин е очигледна во тоа што со неговото убиство е отстранета значајна духовна фигура и еден од главните стожари на српскиот црковен идентите во Македонија“.

Неофит, бугарскиот митрополит за кој СПЦ тврди дека го наредил убиството на Викентије

Од друга страна што се оденсува до улогата на Викентије и неговото дејствување во Македонија, во неговата биографија, пишувана од српските историчари се забележани и следните активности:

„Десетлетието во кое митрополитот Викентије беше дел од катедрата на скопската епископија е искучително значаен период кој претставува пресвртница во кој долгрочно ќе се одреди правецот на историјата. Во тоа митреополитот Викентије одигра значајна улога, како духовник и како национален поборник“

„Во Скопје Викентије Криџа со задоволство ја прифатил и деликатната национално-политичка задача во помагање и координација на српските четнички акции во Македонија“

Коментар(1)

Напиши одговор на Gallvs Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *