СПЦ продава женски чанти по црквите

Date:

Share post:

Ако пат Ве нанесе во Белград и го посетите Соборниот Храм Свети Сава на Врачар, не мора да одите и во трговскиот Усче. Покрај тоа што ќе запалите свеќа, ќе се помолите, ќе купите бројаница или некој црковен сувнери, можете да си купите луксузна женска чанта, или луксузна машка кравата. Се тоа го има во црковната породавница на Храмот. Женските чанти се околу 180 евра, а машките крвати се околу 80 евра. И за да има некаква поврзаност продавачите ќе ви објаснат дека чантите и крватите се дизајнирани со детали од мозаикот во Храмот. Автор на тој мозаик е  рускиот академик Николај Александровиќ Мухина, според објаснувањето мозаик кој претставував врвен дострел во православната духовност и уметност.

На социјалните мрежи можат да се сретнат коментари со сарказам, како на пример дека чантите можат да бидат наречени„попадички“.

Во храмовите на МПЦ-ОА, се уште не можат да се најдат вакви производи.

Инаку продавницата на храмот има и он лајн издание и може да се нарача и по интернет.

Нарачајте ОВДЕ.  Религија.мк не бара никаков надомест од СПЦ за оваа реклама, ниту процент од нарачките кои од Македонија ќе ги направат верниците…

 

3 COMMENTS

  1. Со какви не глупости, безпредметни, невредни, банални и иронични работи се занимавате вие … греој …

  2. Марјан, со должна почит ама ова не ви доликува. Ситно кошкање никаде не води.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here