Почетна Вести СПЦ ќе прекине секакво општење со Романската Патријаршија?
СПЦ ќе прекине секакво општење со Романската Патријаршија?

СПЦ ќе прекине секакво општење со Романската Патријаршија?

424
0

romanska crkva srbijaСрпската православна црква се заканува дека ќе ја екскомуницира Романската православна црква, доколку не се реши проблемот кој веќе неколку години трае меѓу Српската и Романската православна црква.

Ваква одлука донел Соборот на СПЦ, кој уште еднаш го повикува „Црковен Букурешт“ најитно да го спречи навлегувањето на романски свештеници на територијата на Србија. Владиците на СПЦ и се закануваат на Романската патријаршија дека доколку оваа пракса не прекине, ова прашање ќе го отворат како тема на Сеправославниот Собор закажан за јуни на Крит. Ако и тоа не даде резултат, тогаш ќе ја прекинат комуникацијата со Романската Православна Црква.

-Соборот констатираше дека односите на СПЦ со сестринските Православни цркви се исклучително добри, во потполност во духот на заедништвото и единството на Црквата, освен еден тажен исклучок – односите со Романската Патријаршија, чии епископи и свештеници веќе со години неканонски и небратољубиво, вршат упади на територијата која е под јуриздикција на СПЦ во Источна Србија во Тимочкиот регион. По многуте претходни апели и обраќања, за жал досега нема резултат. Соборот повторно ја повикува Романската црква веднаш да престане со оваа црковноуривачка пракса, во спротивно, проблемот ќе биде изнесен пред Светиот и Велик Собор на Православната црква, а доколку и потоа, по Соборот, продолжат ваквите антиканонски активности, СПЦ со искрена болка, но поради Црквата ќе биде принудена да го прекине литургиското и канонско општење со Романската Православна Црква, стои во Соопштението на Соборот на СПЦ.

Инаку ваков вид на закана не е нов од страна на СПЦ. Српските архиереи предупредување за прекинување на канонското општење со РПЦ најавуваа неколкупати досега.

Инаку проблемот меѓу СПЦ и РПЦ кој трае повеќе години е резултат на тоа што свештеници на Романската црква доаѓаат во Србија по барање на дел од влашката заедница  и романското малцинство за да вршат црковни обреди на романски јазик.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *