Почетна Вести СПЦ и Католичката црква од Хрватска ги вкрстија аргументите за Степинац, Папата на крај ќе одлучи
СПЦ и Католичката црква од Хрватска ги вкрстија аргументите за Степинац, Папата на крај ќе одлучи

СПЦ и Католичката црква од Хрватска ги вкрстија аргументите за Степинац, Папата на крај ќе одлучи

140
0

Хрватска католичка црква и Српската православна црква седнаа на заедничка маса да разговараат околу разликите за иницијативата за канонизација на Алојзе Степинац, Хрватскиот кардинал од Втората Светска Војна.

Иницијативата за формирање на мешовитиот комитет е на Папата Франциск откако неколкупати претходно Српските владици со писма, а потоа и на средби со него ми ја образложиле биографијата на Степинац, која според СПЦ е крајно контроверзна. Првиот состанок се одржал на 12 и 13 јули во Ватикан.

stepinac pocОвој мешовит комитет има за цел да ги утврди историските фактографски податоци за Степинац, но сепак крајната одлука за неговата канонизација за Светец ќе ја донесе Ватикан.

Предвидени се низа средби, кои треба да завршат во рок од 12 месеци.

Како претставници на Ватикан во комитетот е  претседателот на папскиот комитет за историски науки.

Хрватската делегација ја сочинуваат, кардиналот Јосип Божаниќ, бискупот Ратко Периќ, епископ на Мостар и претставници на хрватскиот Институт за историја.

Српската православна црква ја претставуваат, Митрополитот Амфилохије, Порфириј, Митрополитот на Загреб и Љубљана, Иринеј Буловиќ.

Следниот состанок е закажан за 17-18 Октомври 2016 година, во Загреб.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *