Почетна Вести СПЦ бара исчезнати 4 килограми злато и сребро
СПЦ бара исчезнати 4 килограми злато и сребро

СПЦ бара исчезнати 4 килограми злато и сребро

301
0

Kилограм чисто злато и три килограми сребро исчезнале од познатата белградска црква „Ружица“ и од капелата посветена на света Петка на Kалемегдан поради што Српската православна црква изврши смена на нивните старешини. Засега не е познато каде завршило златото и среброто што се собирало од подароците што ги оставале верниците, а требало да се користат за правење црковни реликвии, пишува „Дневник“.

crkva-ruzica-2Ова е нов случај на откриени злоупотреби откако неодамна било утврдено дека од храмот „Свети Сава“ недостигаат околу 30.000 евра кои биле собрани од верниците во текот на големите верски празници, посебно на минатогодишниот Велигден. Kонтролата е направена откако подолго време постоеле сомнежи дека подареното злато и сребро го снемува од црковната каса.

Kлопчето на овој случај почнало да се расплеткува неодамна кога посебна комисија што ја формирал патријархот Иринеј на чело со неговиот викар, владиката Арсениј, извршила контрола во архивата и во црковната каса. Притоа било констатирано дека недостигаат четири килограми од овие драгоцени метали кои како прстени, белезици, обетки, синџирчиња и друг накит ~ биле подарувани на СПЦ.

– Во моментот на контролата тие количества не биле затекнати во црквата ниту, пак, кај златарот со кој СПЦ има договор за претопување на благородните метали за да се прават од нив украси за икони, позлати на предмети, садови – изјавија црковните извори од СПЦ на белградскиот весник „Вечерње новости“.

Истовремено, во парохиската каса бил затекнат голем број златни парички без какви и да е признаници или друга документација за нивното потекло.

Поради овој голем скандал, кој доби голем публицитет во српската јавност, од должноста е сменет протојереј- ставрофор Радомир Поповиќ бидејќи во СПЦ се сомневаат дека токму тој е најодговорен за финансиските злоупотреби со кои СПЦ е оштетена за повеќемилионска сума. Не е исклучено против него да се поднесе и кривична пријава, а веќе е поведена црковно-судска постапка. Протојереј Поповиќ, освен што бил старешина на црквата „Ружица“, бил и професор на Богословскиот факултет на СПЦ каде што го предавал предметот општа историја на христијанството, а беше и декан на Високата школа на СПЦ за уметност и конзервација, а таму и денеска е помошник на директорот.

На негово место веднаш е поставен архијерејскиот намесник Владимир Вукашиновиќ, кој е свештеник во оваа црква. Тој, пак, веднаш го сменил досегашниот благајник протојереј-ставрофор Драгомир Сандо, исто така професор на Богословскиот факултет.

ЛУСТЕР НАПРАВЕН ОД ПРЕТОПЕНИ КУРШУМИ И САБЈИ

Црквата „Ружица“, која се наоѓа во долниот дел на белградската тврдина Kалемегдан, се смета за една од најубавите српски цркви. Таа е посветена на Пресвета Богородица, а направена е со преправање на австроунгарскиот воен магацин во периодот од 1867 до 1869 година. Сегашниот изглед го добила во 1925 година и по обновата од оштетувањата во Првата светска војна. Интересно е дека нејзиниот централен лустер-полилеј е направен од претопени куршуми од Првата светска војна и од сабјите на српските офицери.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *