Почетна Анализа СПЦ бара дијалог, МПЦ ќе размисли

СПЦ бара дијалог, МПЦ ќе размисли

292
0

Два дена откако Вселенската патријаршија и официјално го стави во процедура барањето на МПЦ-ОА за автокефалност, српските владици одлучија да ги возобноват разговорите со Македонската црква на ниво на комисии. Иако веста се уште не е офицјална, сепак според пишувањата на српска Политка, вчерашниот ден од работата на Саборот на СПЦ бил посветен токму на МПЦ-ОА.

Во МПЦ засега не сакаат да ги коментираат овие нови непофицијани најави за возобновување на разговорите и ќе чекаат од писмено известување од српските архиереи, а за тоа дали ќе биде прифатена оваа понуда на СПЦ, одлука ќе носи Синодот на МПЦ.

Српската црква ваква одлука за возобновување на дијалогот донесе и во 2015 година и формираше дури и комисија, но разговорите со МПЦ никогаш не почнаа. Македонските владици одлучија минатат година да пообараат апелациона постапка пред Вселенската патријаршија со цел признавање на македонската автокефалност.

Бранко Ѓоргевски, новинар кој долги години ги следи црковните состојби, вели дека ова е само тактички потег на СПЦ, без да има каква било искреност во намерата да се реши црковното прашање во Македонија.

Намерата според него е евентуалната одлука на Вселенската патријаршија за автокефалност на МПЦ, да се претстави пред другите цркви како мешање во внатрепшните работи на СПЦ.

Процесот на признавање на автокефалност на МПЦ е втор голем чекор кој го презема Вселенскиот Патријарх, откако на Божиќ го потпиша томосот за Автокефалност во Украина.

Руската црква е остар противник на ова, а Патријаткот Кирил неодамна во интервју за српските медиуми изјави дека Вартоломеј ќе го примени украинскиот рецепт и во Македонија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *