Почетна Вести Христијанство Спасовски: Очекувам динамичен дијалог со Вселенската патријаршија за надминување на проблемите на МПЦ
Спасовски: Очекувам динамичен дијалог со Вселенската патријаршија за надминување на проблемите на МПЦ

Спасовски: Очекувам динамичен дијалог со Вселенската патријаршија за надминување на проблемите на МПЦ

223
0

На средбата со вселенскиот патријархот Вартоломеј изразив надеж дека тој ќе продолжи, во духот на толеранцијата и разбирањето, да поттикнува дијалог со цел да се изнајдат решенија за проблемите кои ги имаат и православниот свет и верниците, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски.

– Навистина сме многу задоволни од средбата, охрабрени сме од зборовите дека ова наша заемна комуникација ќе продолжи и понатаму, и дека ќе почне еден динамичен дијалог во рамките на Вселенската патријаршија, се со цел да се надминат проблемите кои ги има Македонската православна црква, рече Спасовски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во врска со неговата вчерашна средба со патријархот Вартоломеј во Истанбул.

Оваа средба, како што дополни премиерот, дојде како иницијатива што започна минатата година од страна на Владата и која има за цел да воспостави динамична непосредна комуникација со Цариградската патријаршија.

– Имавме пријатни и долги разговори со неговата светост, патријархот Вартоломеј. Го поканив патријархот Вартоломеј да ја посети нашата држава, да се сретне со верниот народ и тоа навистина претставува огромна чест и за верниците и за Македонската православна црква, додаде Спасовски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *