Почетна Политичка теологија Спасеновски: помеѓу верските заедници во Македонија постои разбирање, но и проблеми
Спасеновски: помеѓу верските заедници во Македонија постои разбирање, но и проблеми

Спасеновски: помеѓу верските заедници во Македонија постои разбирање, но и проблеми

61
0

Помеѓу верските заедници во Македонија генерално постои разбирање, но постојат и голем број проблеми. Република Македонија како етнички и верски хетерогено општетство постојано се соочува со различен тип предизвици. Меѓутоа добро е што постои согласност за комуникација, што постои една постојана меѓусебна комуникација.

Ова го истакна денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ доцент др. Александар Спасеновски на промоцијата на „Прирачникот за правата на верските заедници и за слободата на вероисповед во Република Македонија“, кој е коавтор на публикацијата заедно со проф. др.Тања Каракамишева Јовановска поддржана од Фондацијата „Конрад Аденауер“.

Според него, овој тип научна литература ќе придонесе за збогатување на знаењето на студентите, а ќе им помогне и на самите верски заедници. Стручната дебата, пак што се организира заедно со промицијата на учебникот на тема „Владеењето на правото и еднаквоста на верските заедници во уставно правниот систем на РМ“, вели, е можност повеќе претставници на различните верски заедници како од православната црква, од исламската верска заедница, од протестантските цркви, од католичката и од еврејската заедница на едно место да ги разменат своите мислења околу моделот на секуларизам во Република Македонија.

-Ангажманот на фондацијата „Конрад Аденауер“ во РМ, меѓу другото, е и во насока на стабилизирање на тој меѓурелигиски дијалог, што помага за надминување на стереотипите и проблемите што верските заедници ги имаат меѓу себе и со државата, односно институциите. Се надевам дека овој семинар ќе помогне околу стабилизирање на клатното на секуларизмот во РМ и поголемо разбирање помеѓу припадниците на сите верски заедници, рече Спасеновски.

Аналитичарот Владимир Божиновски истакна дека Македонија треба да се гордее што е едно мултирелигиско општество кое отсекогаш ги почитувало правата на сите религиозни заедници, права на секој човек да ја изрази својата религија и треба да послужи како пример на денешна Европа.

– Овој аспект не се потенцираше во изминатите неколку децении. Се се префрли на мултиетничноста, на мултиетничкиот соживот, а се заборави нешто што е многу постаро, нешто што постои уште пред да постојат самите нации, а тоа е религијата и мултирелигискиот аспект на Македонија. Тука на овие простори повеќе од 500 години функционираат двете главни светски религии, една до друга и една со друга – христијанството и исламот, и мислам дека Македонија на некој начин служи и треба да послужи како пример за останатиот дел од Европа, која во изминатите неколку години се соочува со одредена верска нетрпеливост, вели Божиновски.

Претставникот на Фондацијата „Конрад Аденауер“ Хартмут Ранк истакна дека издавањето на прирачникот е поддржано во рамки на нивната програма за владеење на правото во Југоисточна Европа.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *