Почетна Вести Спасен фрескоживописот во „Св. Богородица Перивлепта“
Спасен фрескоживописот во „Св. Богородица Перивлепта“

Спасен фрескоживописот во „Св. Богородица Перивлепта“

640
0

Фрескоживописот во црквата „Света Богородица Привлепта“ во Охрид е целосно конзервиран и е заштитен од понатамошно пропаѓање. Средствата за овој значаен зафат ги обезбеди амбасадата на САД во Македонија, а амбасадорот Џес Бејли деновиве и на „Твитер“ изрази големо задоволство што е завршена конзервацијата во една од најзначајните цркви во стариот дел на градот. Американската донација изнесува 450.000 долари.

bogorodica pe„Завршен е еден многу важен зафат во ‘Света Богородица Перивлепта’, целосната конзервација на фрескоживописот и сега тој е комплетно заштитен за долг период. Во конзервацијата беа вклучени врвни конзерватори од Националниот конзерваториски центар од Скопје кои работеа во црквата околу четири години. Можам да кажам дека конзервацијата ја извршија мошне професионално“, ни изјави вчера директорката на Завод и музеј во Охрид, Тања Паскали-Бунташеска.

Бунташеска информираше дека е конзервирана и архитектурата на црквата што е од посебно значење. „Поради прокиснување на покривот во изминативе години се појави влага, од што страдаше фрескоживописот. Сега тоа е веќе минато“, рече директорката Паскали-Бунташеска, нагласувајќи дека е реконструирана и камбанаријата која е во состав на комплексот на црквата, за што со 1,6 милиони денари учествуваше Министерството за култура. Во тек се активности и на реконструирање на тремовите на комплексот „Перивлепта“. Црквата „Света Богородица Перивплета“ датира од 13 век, а фрескоживописот го насликале познатите мајстори Михаило и Евтихие.

/УТРИНСКИ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *