Од денеска почнаа Божикните пости. Како се пости, кои денови се строг пост, кој како да пости? Сите овие прашања јавноста ги отвара редовоно, а на социјалните мрежи има различни коментари.
Еве еден совет од отец Пимен како да постите.
-Често си го поставуваме прашањето кој е најисправен типик за постење? Кои денови се на вода, кои на масло, а кои на риба?
И ќе најдете на многу места како и тука правило на постот.
Сепак ќе ви кажам дека најисправен е оној кој вашиот духовен отец ќе го прилагоди на вашата возраст, на вашето здравје, на вашето работно место, на вашата желба за подвиг…
Нека бидат и овие пости благословени и богоугодни, па во радост да го дочекаме Рождеството Христово.
И да. Подобро е некогаш да погрешите каснувајќи или не капка масло, отколку јалово да водите препирки со браќата чиј типик е поправославен, напиша отец Пимен на Фејсбук.


