Почетна Вера Католичка црква Сотировски: Велигден е празник на повторно испружена рака на Бога кон човекот
Сотировски: Велигден е празник на повторно испружена рака на Бога кон човекот

Сотировски: Велигден е празник на повторно испружена рака на Бога кон човекот

47
0

Христовото Воскресение – Велигден е празник на победата на доброто над лошото, празник на повторно испружената рака на Бога кон човекот. Ова е ден кога смртта е поразена и на човекот му се нуди живот вечен, пишува директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски во честитката до Бискупот на Католичката црква во Македонија, за Велигден.

-Денес да се потсетиме на зборовите на Светиот Папа Јован Павле II кој ни ја даде една од најголемите поуки на современото општество: „Почитувајте го животот, сечиј човечки живот, бранете го, сакајте го и служете му! Само на тој пат ќе најдете правда, развој, вистинска слобода, мир и среќа.“ Доследното почитување на овие зборови ќе овозможи вистинска благосостојба во нашата татковина и насекаде во светот, стои во честитката.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *