Почетна Вести Христијанство Сотировски: На верските обреди не им е место во образовните објекти
Сотировски: На верските обреди не им е место во образовните објекти

Сотировски: На верските обреди не им е место во образовните објекти

156
0

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи го осуди  инцидентот во радовишкото училиште, оценувајќи го како недозволиво однесување на поединци.

На верски обреди и ритуали не им е место во образовниот процес. Добро е што просветниот инспекторат спроведува истрага, ги проверува и утврдува фактите и час поскоро треба за тоа да биде запознаена јавноста. Како држава мораме секуларноста да ја разбираме на вистински начин, да гарантираме на секое дете, согласно со желбите на неговите родители, надвор од училишниот двор да имаат право слободно да практикуваат вера, но во училниците нема место за такви работи”, истакна Сотировски.

Тој упати апел да се огласат и да го осудат инцидентот и оние организации и институции, кои во минатото реагирале за слични ситуации, но и за различни ситуации што се третирале како слични во јавниот простор.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *