Сотировски: Ќе создаваме атмосфера на доверба и соработка меѓу верските заедници

Date:

Share post:

Главен приоритет на новиот директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски ќе биде создавање на атмосфера на соработка, компромиси и доверба меѓу верските заедници.

Сотировски кој денеска ја презел директорската функција, вели дека КОВЗРГ ќе штити начелото на секуларност на државата и верските слободи и права на граѓаните.

КОВЗРГ во следниот период посветено ќе работи низ сеопфатен процес да создаде атмосфера на соработка, компромис и доверба меѓу верските заедници. Државата ќе покаже зголемена грижа за состојбите со кои се соочуваат верските заедници и сервисно ќе одговори на нивните потреби согласно Закон. КОВЗРГ ќе ги штити уставното начело на секуларност на државата и верските слободи и права на граѓаните, вели Даријан Сотировски, директор на КОВЗРГ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img