Почетна Коментар Сотировски: Донесете одлуки кои ќе ги направат горди идните генерации
Сотировски: Донесете одлуки кои ќе ги направат горди идните генерации

Сотировски: Донесете одлуки кои ќе ги направат горди идните генерации

473
0

Ми претставува особена чест што стојам денес пред Вас  и имам можност да Ви се обратам. Архиепископскиот црковно народен собор согласно чл. 38 од Уставот на МПЦ е највисокото црковно тело, составено од клирот и суштината на секоја црква – нејзиниот верен народ. Луѓето во оваа просторија се нашата црква. Црковно народниот собор е одлична можност да си погледнеме во очи да видиме каде сме, каде бевме и каде во иднина се гледаме. Низ искрена и посветена работа да придонесеме кон развојот на нашата црква.

Почитувани говорам во прво лице множина токму поради тоа што црквата е НИЕ и ние сме црквата. Секој еден верник има рамноправно право да биде слушнат. Посакувам успешен и плоден собор, донесете одлуки кои ќе ги прават горди и идните генерации.

Почитувани,

Оваа 2018 година е година на јубилеи и духовна радост на нашиот народ. Одбележуваме еден милениум од востановувањето на Охридската архиепископија, 60 години од Вториот Македонски црковно народен собор, одбележуваме и епархиски јубилеи.

Бидејќи многу пати досега и моите претходници а и сите кои имале чест да застанат на оваа говорница потсетиле на историските околности и говореле за најважните теми од животот на нашата црква, јас денес сакам да ја истакнам придобивката и од еден друг многу важен настан од кој бележиме 75 години токму овој месец, а тоа е Првото свештеничко собрание после ослободувањето од фашистичкиот агресор, каде во отсуство на висок клир, нашите свештеници предводени од Вељо Манчевски и Антим Поповски ги поставиле темелите на големото и славно возобновување на нашата црква. Одлуките од славното Издеглавје за отфрлање на туѓите јурисдикции и желби за национална и духовна хегемонија се достојни за секоја почит.

Напорите за формално признавање на афтокефалниот статус на нашата црква која цути во полнота, никогаш не смее да го потчинат суштинското, а тоа е разбудениот и свесен дух на верниот народ за национална црковна сувереност и независност.

Црпејќи мотив од овој настан, денес ја користам приликата на овој Црковно народен собор да се обратам до свештенството на МПЦ-ОА. Од името на граѓаните и државата, сакам на секој еден од Вас да Ви кажам едно големо и искрено  благодарам.

Благодарам за тоа што ги посветивте животите на службата. Вашиот придонес е клучен и секогаш доаѓал до израз во различни историски епохи. Но, денес морам да истакнам и дека еден дел од нашето свештенство се соочува со проблеми од социјална природа, поради тоа што нивните права не се целосно заштитени. Поради тоа апелирам да се возобнови згаснатото свештеничко здружение за организирано и партнерски да се бориме за правата на свештениците во државата.

Пред нас се поубави времиња, од нив не дели многу работа и меѓусебна доверба.

/Даријан Сотировски – Директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *