Почетна Вера ИВЗ СОТИРОВСКИ: Деновите на Рамазан се поттик за човекот да го облагороди својот живот
СОТИРОВСКИ: Деновите на Рамазан се поттик за човекот да го облагороди својот живот
0

СОТИРОВСКИ: Деновите на Рамазан се поттик за човекот да го облагороди својот живот

151
0

Дозволете ми Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите и имамите, како и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија, да Ви го честитам почетокот на најголемиот месец кај муслиманите – Рамазан – месецот на постот, молитвата, солидарноста и милосрдието, пишува Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски во честитката до поглаварот на ИВЗ.

-Рамазан кај муслиманите е познат како месец во кој се негуваат највисоките човечки особини, добрината, хуманоста и милоста, особено кон оние на кои тие им се најпотребни. Деновите на Рамазан се поттик за човекот, преку пост и молитви, и преку добродетел да го облагороди својот и животот на другите луѓе, давајќи им храна на гладните, лек на болните, сочувство и мир на онеправданите. Простувањето и милосрдието во месецот на објавата на чесниот Куран нека бидат патоказ во Вашиот живот, во односот со Вашите пријатели, соседи, роднини, и со сите луѓе. Со верба дека месецот Рамазан ќе ги зацврсти овие вредности во Вашиот живот, од сѐ срце Ви посакувам претстојните Рамазански пости да ги поминете во мир, добро здравје и меѓусебно почитување, стои во честитката.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *