Почетна Вера МПЦ-ОА СОТИРОВСКИ: Да простиме сé заради воскресението
СОТИРОВСКИ: Да простиме сé заради воскресението

СОТИРОВСКИ: Да простиме сé заради воскресението

49
0

Денот на Воскресението е, да се радуваме во торжеството на праз­никот и да се прегрнеме еден со друг. На оние кои нè мразат да им речеме: браќа! И да простиме сé заради воскресението, како што стои во пасхалната стихира, пишува директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски во честитката испратена до Поглаварот на МПЦ-ОА, Аргиепископот г.г. Стефан за претстојниот празник Велигден.

-Овие зборови на дело да ги покажуваме целата година која е пред нас, затоа што денес не се потсетуваме и не си спомнуваме са­мо за историски настан, туку за вечната вистина. Само така вос­кре­сението ќе го почувствуваме внатре во нас самите, а истото ќе го почувствува и нашата татковина. Секој од нас е способен за по­веќе, за подобро за вистинска човечност која на дело треба да се покажува постојано, стои во честитката.

За најголемиот христијански празник Воскресение – Христово Велигден, Директорот на КОВЗРГ Сотировски, упати честитка и до Претседателот на црковното претставништво на Евангелско-Методистичката црква во Република Македонија, Емил Заев, како и на сите верници на  Евангелско – методистичка цркава во Република Македонија.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *