Почетна Коментар Сослужување меѓу МПЦ и БПЦ е првиот чекор во вистинска насока
Сослужување меѓу МПЦ и БПЦ е првиот чекор во вистинска насока

Сослужување меѓу МПЦ и БПЦ е првиот чекор во вистинска насока

245
0

Заедничката сослужение на светата Литургија / Евхаристија / од претставниците на Бугарската православна црква и Македонската православна црква – Охридска архиепископија е првиот чекор во вистинската насока, а посетата на бугарски митрополити на Република Македонија е знак.

Заедничко сослужение би било јасен знак дека всушност се оди кон некакво решавање на ситуацијата на МПЦ-ОА, за која Светиот Синод правилно изјави дека нејзиното канонските признавање може да се добие само при општа согласност на православните цркви.

Иницијативата треба да ја води Софија. Ако сега има сослужување, тоа ќе биде знак дека ангажманот е сериозен. Влегувањето во евхаристиско единство е можно да се изврши од една единечна православна црква, но канонското признавање на МПЦ-ОА е добро да се изврши од сите.

Ова ќе биде тежок процес поради позицијата на српската црква и национализмот во Грција, која исто така ги опфаќа црковните кругови. Ова го видовме многу добро за време на митинзите во Атина и Солун, кои беа израз на радикален национализам.

Духовните лидери во Православието

Во Православието има духовни водачи. Еден од нив е албанскиот архиепископ Анастасиј, кој успеа да буквално од ништо да ја возобнови православната заедница во оваа држава, каде за време на комунизмот верските конфесии беа забранети. Да не заборавиме дека ова е претежно муслиманска земја. Сепак, тој успеа да создаде силна православна заедница, да се појави како една од водечките теолошки личности на Критскиот Совет. Покрај него во балканските православни земји има и други богослови кои можат да претендираат за духовни водачи, но факт е дека такви фигури се недоволно. /

Пишува: Калин Јнакиев, филозоф и теолог – Бугарија (За БГНЕС)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *