Сослужување во Струмица – Владици на МПЦ-ОА, СПЦ и ГПЦ

Date:

Share post:

Големо сослужување на МПЦ- Охридската Архиепископија со Црквата на Грција и Црквата на Србија во Струмица.

На денот кога Црквата го празнува споменот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, во нивниот манастир во Струмица беше отслужена Света Божествена Литургија со која началствуваше Митрополитот на Дидимотихо, Орестиада и Суфли Дамаскин од Православната Црква на Грција, во сослужение на Митрополитот Захумско- херцеговачки Димитриј од СПЦ, Митрополитот Европски Пимен и надлежниот Митрополит Струмички Наум, како и викарниот Епископ Стобиски Јаков.

-На литургијата присуствуваа градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, градоначалникот на Кукуш, Димитриос Киријакидис, градоначалникот на Василево, Славе Андонов, почесниот конзул на Србија во Македонија Михајло Филев, директорката на КОВЗГ Оливера Трајковска, пратеникот Миле Цеков, советници, претставници на јавниот и политичкиот живот и голем број на верници. После задамвоновата молитва, Митрополитот Европски г. Пимен го благослови празничното коливо и празничниот леб на годинешните кумови, фамилијата на градоначалникот Костадинов, велат од Епархијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img