Сослужување со монаси од Света Гора во Богородица во Скопје

Date:

Share post:

Хиландарскиот игумен архимандрит Методиј, јеромонах Нектариј од светогорскиот манастир Хиландар, архимандрит Сергеј од Новограчаничко-средноамериканска епархија на Српската Црква, игумен Павле од Захумско-Херцеговската епархија на Српската Црква и јеромонах Роман од Острошкиот манастир во Црна Гора сослужуваа во Храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, на празнична божествена Литургија со која чиноначалствуваше Архиепископ Охридски и Македонски Стефан.

Од МПЦ-ОА на литургијата сослужуваа Брегалничкиот митрополит Иларион, Тетовско-Гостиварскиот митрополит Јосиф, Кумановско-осоговскиот митрополит Григориј и Хераклејскиот епископ Климент.

Ден пред Мала Богородица во придружба на хиландарскиот игумен Архимандрит Методиј, во храмот пристигна Богородичната икона „Трирачица“.

-На Литургијата, со вдахновена беседа за денешниот празник, на верниот народ му се обрати Неговото Блаженство Архиепископот Стефан. Свое обраќање имаше и игуменот Методиј, кој во знак на сеќавање на овие настани, на Архиепископот Стефан му подари печат од Свети Сава, во вид на плакета, велат од Скопската епархија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img