Почетна Анализа Сослужение кое зачува сечие достоинство
Сослужение кое зачува сечие достоинство

Сослужение кое зачува сечие достоинство

2.23K
0

Денсеска во Соборниот Храм Свети Сава во Белград се случи првото сослужување на поглаварите на МПЦ-ОА и на СПЦ, по 55 години,  како дел од процесот за целосно признавање на автокефалниот статус на МПЦ-ОА, кој треба да резултира со издавање согласност на СПЦ за непречено завршување на процесот  со издавање на Томос од Вселенската Патријаршија за возобновување на Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ, по повеќе од 250 години.

Литургијата во тој процес е суштински дел, кој го официјализира единството на црквите, но за општата јавност таа денешна служба е само слика и говор на архиереите на двете цркви.

За црковната јавност, која подлабоко е навлезена во литургискиот живот има многу поголемо значење. Со оглед на тоа дека, низ црковните кругови се случуваат обиди за различно толкување, дали некој бил потчинет, или не, да некој бил понижен илине,  редно е и за црковната, но пред се и за општата јавност да бидат познати неколку суштински детали од нејзе, за не се подлегнува на погрешни наводи.

Општиот и генерален заклучок од денешното сослужување е дека ова не беше служба на победници и поразени. На надмени и потчинети, на понижени и горди, туку служба на рамоноправоност во рамки на она што го овозможуваат канонините. (Иако да бидам искрен сомнеж дека такво нешто со СПЦ е можно, имав и јас)

Организаторите на оваа служба, многу добро се координирале за да ги избегнат сите можни замки за различни толкувања. Иако зборот компромис, не може да се користи кога станува збор за Литургија, сепак низ слободно јазичен говор тој може да се толкува во неколку детали од службата, кои се суштински, а кои не го нарушуваат литургиски ред. Во тие делови се водела грижа, никој да не биде понижен, а да се запази редот на литургијата.

Кои се тие делови, кои пак покажуваат дека конечниот административен статус на МПЦ-ОА не е дефиниран, иако според толкувањата на српската црковна јавност тој сега е автономен статус.

Белата Пана. Тоа е капата со бел вел, што ја носи поглаварот на помесната православна црква. Во овој случај таа не е проблем. Иако, вечерта на пречекот Архиепископот Стефан и Патријархот Порфирии, не ги носеа Бепите пани. Не ја носеше Архиепископот, но не ја носеше и Патријархот. Избрале да ги носат обичните црни капи, покажувајќи рамноправност, иако на тој чин и не мора да носат Бела Пана. Утрово со Соборниот Храм Свети Сава, дојдоа во веќе облечени одежди и митри за служба, што уште еднаш го покажаа нивото на рамноправност, без да се дозволи на јавноста да тоа го толку на еден или на друг начин. Сепак по службата, не посредно во бизина на Соборниот храм, каде се случуваше и културен наста, двајцата поглавари ги носеа Белите Пани, еден до друг.

Вториот важен детал од оваа приказна е предпочентниот дел од литургијата. Двајцата поглавари седеа на идентични Тронови (или нардоски столици), нешто што не дозволува можност за толкување дека некој е поважен од другиот.

Третиот важен аспект од оваа служба е што во употреба пралелно беа и македонскиот и српскиот јазик, како богослужен јазик. Сослужителите и владиците од страна на СПЦ го користеа српскиот јазик, сослужителите и владиците од МПЦ-ОА го користеа македонскиот јазик.

Четврттиот суштински детал во ова сослужување е што четворица митрополити, двајца од СПЦ, двајца од МПЦ-ОА вршеа причествување на верниците во храмот Свети Сава, кои беаа во огромен број дојдени да го следат овој историски настан.

Петтиот, многу важен детал, на кој се внимавало да се зачува достоинството на МПЦ-ОА, но паралелно со тоа и на СПЦ е архиерејското учество во сослужувањето.

Од македонска страна покрај Архиепископот беа и уште четворици владици, Петар, Тимотеј, Наум и Климент. Од српска страна исто, но многу суштински важно е што во сослужувањето учествуваше само еден од владиците на ПОА, Јоаким, кој практично како дел од Синодот на ПОА дојде како клирик на СПЦ. Тројцата владици кои се одвоија од МПЦ-ОА во 2002, Јован, Марко и Давид не сослужуваа, но молитвено учеествуваа во службата со присуство во олтарот на храмот Свети Сава.

Шетиот важен елемент во анализата на оваа служба е спомнувањето на учесниците во службата. Иако не секогаш е практика, сепак целосното именувањето на титулите е дел од тој процес. Во оваа служба се спомнуваа само имињата и титулата, но тоа важеше и за двете страни. На пример Патријарх Порфириј, наместо Патријарх Српски Порфириј. И Архиепископ Стефан, наместо Архиепископ Охридски и Македонски Стефан.

Седмиот и можеби најважен детал, кој предизвикува дилеми кај некого во јавноста, а кој и самиот Патријарх Порфириј го издвои како видео од службата на својата фејсбук страница е спомнувањето на поглаварите на помесните православнии цркви, како израз на единство на црквата во литургиите.

Поглаварите на помесните цркви во литургиите ги споменува поглаварот на Црквата по редот на диптихот. Архииереите од црквата, го спомуваат поглаварот на црквата.

Што се случи на денешната служба?

Патријархот Порфириј по редот на диптихот ги спомна сите поглавари на автокеафните признати цркви, почнуваќи од Вселенскиот Вартоломеј, до Ростислав Поглавар на Црквата на Чешка и Словачка. Не го спомна украинскиот Епифаниј, (затоа што СПЦ не ја признава таа автокефалност), но со спомнувањето овде не прекина, туку продолжи и го спомна Архиепископот  Стефан, а во продолжение набројувајќи ги и останатите кои учествуваат во сослужувањето.

Архиепископот Стефан, не ги спомна поглаварите на помесните цркви, го спомна само Патријархот Порфириј. Оваа ситуација, практично ја открива и суштината, а тоа е дека сегашниот админситративен статус на МПЦ-ОА е неодредена, а овој чекор е вин-вин ситуација. Но спомнувањето на Архиепископот Стефан во продолжение на останатите поглавари, слободно може да се толкува како издраз на подготвеност на СПЦ да оди кон следниот чекор, а тоа е согласнот за Автокефаност.

Во ова сослужување има уште два значајни аспекти, а тоа се говорите. Патријархот Порфириј имаше исклучително добронамерен говор. Архиепископот Стефан исклучително смел и јасен говор, спонувајќи го и Вартоломеј, но и крајната цел Автокефалност, а Архиепископот на ПОА, екс владиката на МПЦ-ОА, Јован исклучително конструктивен говор.

Следниот чекор и следното слослужување веројатно ќе открие многу, но дотогаш многу појасни се контурите на добронамерните потези на сите страни.

Ако Порфириј вели дека ова е Божјо Чудо… нека оставин тој и Владиците на СПЦ Бог да ја заврши работата, затоа што овој пат води до многу олеснета рарбота на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.

Сигурен сум дека и тој се радува на ваквото денешно сослужување.

Марјан Николовски

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *