Сочувство од МПЦ-ОА за бомбашкиот напад на антиохиската црква во Дамаск

Date:

Share post:

Архепископот Стефан испратил телеграма со сочувство до Антиохискиот патријарх Јован, по бомбашкиот напад на црквата во Дамаск.

-Со неизмерна болка и длабока тага ја примивме веста за ужасниот терористички напад кој се случи на 22. 06. 2025 г, во храмот „Свети Илија“ во Дамаск, во кој животот го загубија многубројни православни христијани. Сторениот стравотен злочин ги потресе не само христијаните во светот, туку и сите луѓе со љубов и добра волја. Осудувајќи го ваквиот грозоморен чин, дозволете Ни од Наше име и од името на браќата архијереи, и од сета полнота на МПЦ – ОА, да Ве увериме во нашата искрена и длабока сострадалност, целосна поткрепа и усрдна молитва за Вас и за возљубената, страдална и маченичка Антохиска Православна Црква. Едновремено, заедно со Вас, ја очекуваме брзата реакција на надлежните власти во пронаоѓањето и санкционирањето на одговорните за ваквиот злостор, напишал архиепископот Стефан до патријархот Антиохиски и на целиот Исток, Јован X.

-Дозволете Ни, уште еднаш да го изразиме Нашето срдечно и длабоко сочувство кон Вас, кон семејствата на трагично постраданите антиохиски новомаченици, и кон сите антиохиски христијани. Триединиот Бог, Кој Самиот е Љубов, Крепост и Утеха, нека ги упокои душите на постраданите во лоното Аврамово, нека им даде скоро закрепнување на повредените, нека им биде постојана утеха на семејствата на жртвите и нека Го испрати Својот драгоцен мир врз полнотата на маченичката Антиохиска Црква, пишува во телеграмата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...