Архиепископот г.г Стефан во името на МПЦ-ОА, испрати сочуство за настраданите во трагедијата во Бугарија, во која загинаа во автобус 45 патници од Македонија.
-Со жалење ја примивме веста за страотната сообраќајна несреќа што се случи на автопатот „Струма“ во Република Бугарија, каде што животот го загубија четириесет и шест патници, меѓу кои и деца. Сострадувајќи со болката на семејствата на постраданите, од Свое, како и од името на клирот и на верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, искажуваме најискрено сочувство, молејќи се за спасение на душите на починатите, а на повредените им посакуваме побрзо закрепнување, пишува Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан во телеграмата со сочуство.

