Почетна Анализа Соборот пред распад, Москва и Фанар меѓусебно се обвинуваат
Соборот пред распад, Москва и Фанар меѓусебно се обвинуваат

Соборот пред распад, Москва и Фанар меѓусебно се обвинуваат

234
0

Разочарување и болка. Така во Русија се оценува одлуката на Вселенската Патријаршија, и Патријархот Вартоломеј, да ја отфрлат иницијативата на Руската православна црква и Патријархот Кирил да дополнителни консултативни средби на поглаварите на Православната црква, до 10 јуни со цел да се решат проблемите кои се појавија пред одржувањето на Сеправославнио собор на Крит.

sinod rpcРуските верски аналитичари, меѓу нив и еминентни теолози оценуваат дека Вселенската патријаршија на овој начин создава простор за негативни сценарија кои можат исклучително лошо да се одразат врз единството на Православието.

-Со одбивањето на иницијативата на РПЦ, која содржеше реална можност да се спаси ситуацијата, сега одговорноста за одржување на единството е на Патријархот Вартоломеј, констатираат најголем дел од верските аналитичари во Русија.

Според нив за Вартоломеј поважни се институционалните рамки на дејствување, отколку довербата. Тие оценуваат дека многу веројатно е дека дипломатијата на Цариградската патријаршија смета дека за нејзе најдобар излез од настанатата, за нејзе недобра ситуација е патот на создавање скандали.

faner sinodТокму од тие причини, велат руските аналитичари вината сега се посочува во Москва и во црквите  наводни „сателити“ на РПЦ, како Грузиската, Грчката, Бугарската, Антиохиската, Кипарската..

-Обвинувањата на адреса на Москва веќе се оформени. За тоа сведочат многу знаци. Многупати досега претставници на Фанар ја искажуваа својата лутина, пишуваат руските медиуми.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *