Почетна Анализа Соборот на Крит ја раздрма Света Гора
Соборот на Крит ја раздрма Света Гора

Соборот на Крит ја раздрма Света Гора

496
0

Шеесет монаси и јеромонаси побарале да се одржи седница на Управниот орган на Света Гора, со цел да се донесат одлуки, со кои ќе се забрани спомнување на името на вселенскиот патријарх Вартоломеј во молитвите за време на литургиите. Како главна причина за тоа е наведено дека вселенскиот патријарх отстапил од учењето на православната црква, пишува српска „Политика“.

vartolomej sveta goraЦелата ситуација започнала кога управата на манастирот Хиландар им наложила на тројца монаси и на еден искушеник да го напуштат манастирот, а потоа тие тоа и го сториле. Причина за тоа е што монасите веќе некое време одбиваат да учествуваат на литургиите, зашто на нив молитвено не се спомнува вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој за монасите претставува духовен водач.

Хиландарското братство не е единствено кое се соочува со вакви ставови на одредени монаси. Пред неколку дена на интернет се појавило отворено писмо во кое 60 монаси и јеромонаси од светогорските манастири побарале да се одржи седница на Управниот орган на Света Гора, со цел да се донесат одлуки, со кои ќе се забрани спомнување на вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на молитвите на литургиите.

svetaa goraНаводно, монасите сметаат дека вселенскиот патријарх отстапил од учењата на православната црква со организирање и со усвојување на поединечни документи на Светиот и голем Собор на Крит.

Според „Политика“, ниту еден манастир или негов игумен не го поддржале ова барање.
Ниту, пак, четирите цркви (Руската, Антиохиската, Бугарската и Грузијската), кои не учествувале на заседанието  и кои отворено го изнеле своето несогласување со документите на Соборот, не го прекинале канонското општење со Вселенската патријаршија.

Инаку, Соборот на Крит и документите кои се нашле на дневниот ред многу ја заинтересирале и монашката заедница на Света Гора, која е под јуриздикција на Вселенската патријаршија.

hilandar sveta goraИгумените и претставниците на дваесет светогорски манастири предложиле повеќе амадмани на текстовите кои ја засегаат мисијата на црквата во современиот свет и односите на православните цркви кон останатиот христијански свет.

Тие посебно истакнале и дека корекцијата на предсоборските текстови е неопходна како би се избегнала шизмата и поделбите. На една од секојдневните конференции за новинари за време на заседанието на Соборот, како куриозитет е наведено токму тоа дека и „заедницата на тишината и молитвата“ се заинтересирала за текстовите и за работата на Соборот.

„Монашката држава“ се уште официјално не се огласила и не изнела свој став за документите кои се усвоиле на заседанието на Крит.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *