Почетна Вера Со величествена понтификална миса на плоштадот „Македонија“ завршија деновите на Света Мајка Тереза
41
40
39
38
37
36
35
34
33
32
31
30
29
28
27
26
25
24
23
22
21
20
19
18
17
16
15
14
13
12
11
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1
1

Со величествена понтификална миса на плоштадот „Македонија“ завршија деновите на Света Мајка Тереза

268
0

Светата понтификална миса што се одржа на плоштадот „Македонија“ беше финале на „Татковинската прославата денови на Света Мајка Тереза“, што Македонија ја организираше во чест на прогласувањето на Скопјанката за Светица. Мисата ја предводеше специјалниот папски кардинал, сараевскиот надбискуп, кардиналот Винко Пулиќ во сослужение со Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх, Киро Стојанов и свештеници на Католичката црква.

1Во првите редови мисата ја следеа, Претседателот на Државата, Ѓорге Иванов, министрите за одбрана, Зоран Јолевски и за Култура Елизабета Канческа Милеска, американскиот амбасадор, Џес Бејли, дипломати и гости од Европа и регионот.

– Гордејте се со Светата мајка. Вие, верниците кога ќе ви падне духот и ќе се најдете во опасност да ја изгубите надежта, инспирирајте се од оваа прекрасна мајка, која со своето застапништво ќе ви помогне. Мајките кои го изгубиле мајчинството, вратете го преку почитувањето на оваа света мајка, а Вие кои се плашите од животот, учете од оваа света мајка колкава е силата во верата. Не го заборавајте овој ден и овој настан, порача специјалниот папски делегат, Кардиналот Пулиќ.

По повод прогласувањето на Мајка Тереза за Светица од страна на Ватикан, во текот на изминатите седум дена во Македонија се одржаа низа настани во рамки на татковинската прослава. Во спомен куќата на Мајка Тереза во центарот на Скопје беа врачени статуетки со ликот на Светата Мајка Тереза и благодарници на хумани личности и организации кои во изминатиот период се докажале во областа на хуманизамот, помагањето и намалувањето на човековите страдања. Македонската академија на науките и уметностите организираше свечена академија за ликот и делото на Светицата Мајка Тереза, а вчера беше отворена и изложбата „Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија за Света Мајка Тереза“.

Агнеза Гонџа Бојаџиу позната како Мајка Тереза на 4 септември на плоштадот „Св. Петар“ во Ватикан беше прогласена за Светица од страна на поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск.

Мајка Тереза почина во 1997 година во Калкута, Индија. Родена е во Скопје на 26 август 1910 година како Агнес Гонџа Бојаџиу. Во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир за извонредно широката дејност во помагањето на бедните, болните и унесреќените во целиот свет.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *