Почетна Вести Со Отец Бобан научете зошто и кои светители ги празнува МПЦ-ОА
Со Отец Бобан научете зошто и кои светители ги празнува МПЦ-ОА

Со Отец Бобан научете зошто и кои светители ги празнува МПЦ-ОА

1.02K
0

Отец Бобан Митевски  е свештеникот од скопската епархија на МПЦ-ОА, со кого од утре секој ден ќе можете да научите кои светител и празници ги празнува Македонската Православна Црква, зошто и како тие се празнуваат, кое нивното значење и делови од нивните житија.

Отец Бобан е водител на православниот видео верски календар, што премиерно ќе се емитува на ТВ.СИТЕЛ во рамки на утринската програма „Ја Сакам Македонија“, секое утро од 7 часот наутро, следните 365 дена.

Според јулијанскиот календар со кој се раководи МПЦ-ОА, утре е 1 септември, а тој ден во календарот на Православната црква е одреден како почеток на црковната календарска нова година. Токму поради тоа овој видео православен верски календар почнува со емитување утре.

По премиерното емитување на ТВ. СИТЕЛ, сите емисии во траење од околу 4 минути ќе бидат емитувани и на „Религија.мк“ и на порталот „За се.мк“ околу 8 часот наутро се до 13 септември 2018 година.

Видео православниот верски календар е продукција на невладината „Медиум“ . Станува збор за мини емисии снимени низ црквите и манастирите во Македонија, изработени на високо професионално ниво. Проектот е реализиран со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.

Првиот сет од 30 емисии финансиски е помогнат од „Алкалоид“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *