Почетна Вера МПЦ-ОА Со голема литија одбележани две години од иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница во Струмица
Со голема литија одбележани две години од иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница во Струмица

Со голема литија одбележани две години од иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница во Струмица

530
0

Со отслужување на воскресна Вечерна богослужба во манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ и изнесување на иконата на Пресвета Богородица „Брзопослушничка“ почна одбележувањето на двегодишнината од донесувањето на оваа икона во Струмица.

Со свечена литија иконата на Мајката Божја „Брзопослушничка“ е однесена во црквата „Свети Григориј Палама и Свети великомаченик Димитриј“, каде ќе се отслужи Молебен канон, а иконата ќе биде оставена за поклонение на верниците.

Утре, на одбележувањето на двегодишнината од донесувањето на иконата во Струмица, во црквата „Свети Григориј Палама и Свети великомаченик Димитриј“, ќе започне утринска служба, а по пречекот на архиереите ќе започне Божествената Литургија.

Во 11 часот ќе започне свечената литија со иконата, по булеварот „Маршал Тито“ до градскиот плоштад „Гоце Делчев“. На плоштадот е предвидено молитвословие (доксологија), проследено со кратки поздравни слова, по што литијата ќе продолжи по старата чаршија до манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, каде што ќе биде подготвена трпеза на љубовта за сите присутни.

Пред две години, во втората недела од Великиот пост, посветена на Свети Григориј Палама, заштитникот на Струмичката епархија, иконата беше донесена во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, како подарок од братството на светогорскиот манастир Дохијар.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *