Смарт Скопје: Ѓорѓиевски најави целосна дигитална трансформација

Date:

Share post:

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го претстави планот за целосна дигитална трансформација на главниот град, преку 17 стратешки проекти што ќе го претворат Скопје во прв целосно дигитализиран, модерен и транспарентен град во државата.

-Кога зборуваме за иднината на Скопје, зборуваме за град кој функционира паметно, брзо и чесно – град во кој системот, а не врските, ја движат работата. Таков град се создава со вистинска дигитална трансформација, истакна Ѓорѓиевски.

Тој најави формирање на Смарт Центар – организациска единица што ќе биде срцето на дигитализацијата, преку која ќе се координираат сите проекти за паметен град. Центарот ќе овозможи дигитално управување со транспорт, отпад и јавни услуги во реално време.

Во рамките на реформата, ќе се воведат Документ менаџмент систем и ЕРП систем, кои ќе ја заменат хартиената администрација, овозможувајќи „paper free“ работа, јасен дигитален траг и целосна отчетност.

Меѓу проектите е и „Дигитален близнак на Скопје“, преку кој ќе се создаде дигитална реплика на градот со интегрирани просторни податоци, сензори и документи, што ќе овозможи интелигентно урбано планирање и поефикасно управување со инфраструктурата.

Ѓорѓиевски најави и дигитализација на сите градски регистри, воведување на е-даноци, е-адреса, електронско управување со проекти и дигитална платформа за културно наследство. Со проектот SKOPJE CITY GO, граѓаните ќе имаат единствена картичка за јавен превоз, паркинг, културни и спортски настани, со попусти за ученици, пензионери и лица со попреченост.

Посебен акцент Ѓорѓиевски стави на младите.

-Сакам да изградиме град што ќе им понуди шанса, простор и поддршка да растат и создаваат овде, во Скопје, вели Ѓорѓиевски.

Тој најави ослободување од комуналии за млади брачни парови до 40 години без имот, задолжително младинско вработување, Младински центар за кариера и поддршка за млади занаетчии.

Кога градот е дигитален, секој млад човек може лесно да учи, работи, креира и живее овде. Тоа е Скопје што ни е потребно и Скопје што ќе го добиеме, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека најдоброто допрва доаѓа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...