Почетна Вести Ислам Смаиловиќ во Централниот дневник на 1ТВ: Рамазан Бајрам е месец на милоста

Смаиловиќ во Централниот дневник на 1ТВ: Рамазан Бајрам е месец на милоста

93
0

Два дена пред почетокот на светиот месец за муслиманите, Рамазан Бајрам, за неговото значење во Централниот дневник на 1ТВ зборуваше активистката Мерсиха Смаиловиќ. Како што објаснува, во овој период на пост, муслиманите целосно го менуваат начинот на живот и повеќе од 16 часа се воздржуваат од јадење и пиење, и по успешно поминатиот месец го слават празникот Рамазан Бајрам.

-Примарната цел на месецот Рамазан е да се воздржиме, но тоа е и месец полн со активизам, промени, целиот ден е исполнет со случувања, го јакнеме својот дух, својата психичка состојба и е добар тренинг како треба да функционираме по него, вели Смаиловиќ.

За муслиманите, ова е верска обврска и традиција, месец на божјата милост, кога се смета дека со самото постење бог ги простува гревовите, но и на солидарност кон другите луѓе и обврска да дадат одредени финансиски средства или храна на луѓето во тешка социјална состојба, за да го дочекаат и тие месецот и празникот како сите други.

-Никој не сака да го прекинува ноќта постот сам, туку ги каниме на заеднички вечери семејствата и пријателите и заедно ја делиме ифтарската вечера со нив. Активизмот расте кај луѓето и храната што ја имаме тогаш во изобилие ја споделуваме со соседите или со сите во нашата близина што не можат да си ја дозволат за празникот. Ако нешто го практикувате секој ден 30 дена, најверојатно ќе стане навика, објаснува таа.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *