Почетна Вести Европа Словенија ќе ја добие првата џамија и исламски центар
Словенија ќе ја добие првата џамија и исламски центар

Словенија ќе ја добие првата џамија и исламски центар

111
0

Генералниот секретар на Исламаката заедница во Република Словенија Невзет Пориќ во интервју за новинарот Анадолија, се осврнал на процесот на изградба на првата џамија во Словенија.

Пориќ потсетил дека камен-темелникот за изградба е поставен во 2013 година и дека Исламскиот центар се гради на околу 13.000 квадратни метри.

Тој истакнал дека работите на џамијата треба да се завршат за една година и дека планира да биде официјално џамијата треба да биде отворена во 2019 година.

– Изградено е и 40-метарско минаре, завршени се фасадите, челичната конструкција на џамија која ја симболизира Каба во Мека, – рекол Пориќ, додавајќи дека мрежата што може да се види на фасадата на џамијата е симболична, како што рече, босански орнамент видлив во традиционална босанска куќа на преградите кои го раздвојуваат машкиот од женскиот дел на куќата.

Архитектите го презеле овој мотив затоа што повеќето муслимани ќе ја користат оваа џамија се со босанко потекло.

Така се обидоа да најдат некоја симболична босанска махала која била откаена во самата џамија – рекол Пориќ.

Тој додал дека со проектот исто така изградена е целата придружна инфраструктура, а улицата што ќе води до џамијата, осо одлука на Градскиот совет на градот Љубљана, и на предлог на Исламската заедница, ќе се вика “Џамијска”.

– Капацитетот на молитвениот простор во џамијата е 2.000 луѓе, со тоа што надворешниот дел ќе може да прими уште околу 660 клањачи. Кога станува збор за самиот проект на џамијата, добивме многу позитивни реакции – надополнил Пориќ.

Иако ова ќе биде единствената џамија во Словенија, односно муслиманскиот верски објект со минаре, Пориќ истакнува дека во 2017 година обележале 100 години од изградбата на првата џамија во Словенија.

– Првата џамија во Словенија била изградена во Лог под Мангарт во 1916 година. Значи, била изградена за време на Првата светска војна, по што била уништена. Денес таму постојат само темелите на џамијата – рекол Пориќ.

– Ова е моментно единствената џамија, односно Исламски културен центар, во Словенија. Активни сме и во 18 други градови каде што имаме месџиди и места за молитва, но, како што реков, ова е единствената џамија во Ребулика, Словенија “, додал тој.

Тој, исто така, истакнал дека главниот донатор на изградбата на џамијата во Љубљана е државата Катар, но дека градењето го помогнале муслиманите од Словенија, Босна и Херцеговина и други земји.

Управата за верски работи на Турција Дијанет (Diyanet) учестувала во помагањето да се купи земјиштето за изградба на џамијата, кое чини пет милиони евра. Пориќ додал дека во Словенија, според податоците од 2002 година, живеат околу 50.000 муслимани. Во Словенија не постои попис базиран на верска припадност, и се претпоставува дека бројот на муслимани значително се зголемил.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *