Почетна Вести Ислам Скопското муфтиство реагира против Парадата на гордоста
Скопското муфтиство реагира против Парадата на гордоста

Скопското муфтиство реагира против Парадата на гордоста

135
0

Муфтиството на Исламската верска заедница (ИВЗ) од Скопје реагираше против Парадата на гордоста, која за првпат се организираше во главниот град на Северна Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).

Во реакцијата на скопското муфтиство се вели дека „со голема индигнација“ биле проследени последните настани „во насока на оправдување на активностите на ЛГБТ“, што според муфтиството, е причина за уништување на општественото јадро – семејството.

„ЛГБТ е биолошко и психолошко нарушување (болест), во контрадикција со човековата природа и со исламските учења базирани на зборовите на возвишениот Алах. Врз основа на ова, обидот да се оправда ЛГБТ на ниво на општеството и законот – државата, претставува заложба за формирање на еден идентитет којшто никогаш нема да се прифати како нормален“, стои во соопштението на скопското муфтиство на ИВЗ.

Скопското муфтиство, исто така изразува длабока загриженост за „таквите активности кои се со тешки последици врз општеството“, притоа, меѓу другото, споменувајќи ги како пречка за здрав развој на човештвото и ширењето на разни болести како СИДА.

„Имајќи ги предвид овие и други последици, муфтиството од Скопје апелира до релевантните институции да им помогнат на оваа категорија луѓе да добијат третман, да се рехабилитираат на најздрав начин, да се интегрираат и да бидат корисни за човековото општество“, се вели на крајот на реакцијата на скопското муфтиство.

Во Скопје денес беше организирана Парада на гордоста, која беше проследена со дополнителни безбедносни мерки.

Неколку стотици лица се собраа во паркот „Жена борец“, наспроти Собранието на Република Северна Македонија, каде што беа присутни и членови на ЛГБТ заедницата од разни земји. Присутни беа и вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, пратеници и амбасадори на разни земји, вклучувајќи ја и в.д. амбасадорката на САД, Микаела Швајцер-Блумб.

Паралелно со овој марш, во Скопје беше организиран и противмарш, под мотото „Сакам традиционално семејство“. Овој марш беше организиран од неколку невладини здруженија и на него присуствуваа и свештеници.

/A.A

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *