Почетна Вести Скопските златари изработија реликвијар за моштите на Мајка Тереза
Скопските златари изработија реликвијар за моштите на Мајка Тереза

Скопските златари изработија реликвијар за моштите на Мајка Тереза

168
0

Здружението на златарите – кујунџии католици Албанци од Скопје изработиле реликвијар за моштите на Мајка Тереза, што за потребите на Скопската катедрала „Пресвето Срце Исусово“ му го предале на Скопскиот  бискуп Киро Стојанов.

relikvijarРеликвијарот е во чест на канонизација на Мајка Тереза и претставува рачна изработка изработена во техниката филигран, пишува порталот „Католици.мк“

-Ова е непроценлив подарок од вашата заедница кој останува како траен спомен во Скопската катедрала, изјавл бискупот Стојанов, примајќи го подарокот од претставници на Здружението на златари.

Присутните биле информирани и за татковинската прослава „Денови на света Мајка Тереза“ која ќе се одржува во месец септември во нејзиниот роден град Скопје, како благодарност за дарот на канонизацијата, а која ќе биде на 4 септември во Рим.

Реликвијарот со реликвиите на Мајка Тереза прв пат ќе биде изложен на 11 септември во Скопје, за време на евхаристиската прослава која ќе ја предводи папскиот делегат.

На реликвијарот е напишано: Изработија Јосип Зеф Мердита и Леонардо Љони Марк заедно со Заедницата на златарите – кујунџии католици Албанци.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *