Почетна Вера Католичка црква Скопскиот Бискуп Киро Стојанов ќе го крштева секое петто дете во католичките семејства во Македонија
Скопскиот Бискуп Киро Стојанов ќе го крштева секое петто дете во католичките семејства во Македонија

Скопскиот Бискуп Киро Стојанов ќе го крштева секое петто дете во католичките семејства во Македонија

136
0

Скопскиот Бискуп и Апостолски егзарх, Киро Стојанов е подготвен лично да го крсти секое петто дете во семејствата на католичките верници во Македонија.

Оваа желба, Бискупот Стојанов ја најавил неодамна, на прославата на Богојавление – Водици.

Истиот ден, Бискупот Стојанов и Апостолскиот нунциј монс. Анселмо Гвидо Пекорари во парохиската црква „Свети Иван Крстител“ – Струмица извршиле крштение на Иван, кој е петто крстено дете во семејството Костови.

Бискупот Стојанов им го честитал на родителите крштението на Иван и ја истакнал важноста за отвореноста кон животот, истовремено потенцирајќи дека е подготвен да го крсти секое петто родено дете во едно семејство од парохиите во Апостолскиот егзархат во Македонија и Скопска бискупија.

Пред извесно време бискупот Стојанов во Радово го крстил петото дете во семејството Стојанови.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *