Почетна Вести Скопска епархија: Сквернавењата не се вредности на ниту една демократија
Скопска епархија: Сквернавењата не се вредности на ниту една демократија

Скопска епархија: Сквернавењата не се вредности на ниту една демократија

338
0

Скопската православна епархија при Македонската православна црква, во писмено соопштение најостро го осудува вчерашниот вандалскиот чин на осквернување на осветените и благословени темели за изградба на Крст во населбата „Бутел“ во Скопје и повикува на смиреност меѓу верниците. Во соопштението пишува:

„Со тоа (не)дело, кое по ништо не се разликува од актуелните дејства на разните радикализми на Блискиот Исток и на Африканскиот континент, во односот кон христијаните и нивните светилишта, денес во Р. Македонија се суспендирани Уставот, законите и одредбите, и тоа од оние што се дел од извршната власт, а кои треба да ги почитуваат, промовираат и заштитуваат законите и правата на граѓаните, без разлика на нивната национална и верска припадност.

Ваквиот божем партиски напад, врз верска основа а очигледно за политички цели, прави граѓаните на Република Македонија, особено христијаните, да се чувствуваат згрозени и загрозени од недемократското насилничко однесување и непочитувањето на основните верски права од страна на оние што себеси се нарекуваат демократи.

Ги повикуваме соодветните државни институции да го вратат владеењето на правото и поредокот и да го заштитат местото каде се поставени и благословени темелите за изградба на Крстот.

Ги повикуваме, исто така, и претставниците на меѓународни демократски институции, кои обично секогаш се залагаат за заштита на човековите права и слободи, да го осудат овој грозоморен чин и да им укажат на извршителите, дека тоа не се вредности ниту на една демократија. Исто така, ги повикуваме и охрабруваме поборниците за слобода и демократија во нашата држава, да го кренат својот глас и преку демократски средства да повикаат на заштита на загарантираните права на христијаните во сопствената земја.

Ги повикуваме граѓаните, без разлика на национална и верска припадност, да останат смирени на оваа и можните слични вакви провокации и да остават институциите на системот да го вратат владеењето на демократијата и правниот поредок во земјата.“, стои во соопштението на Скопската Епархија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *