Почетна Вести СКОПСКА ЕПАРХИЈА: Донациите се доброволни, уцените нелегитимни
СКОПСКА ЕПАРХИЈА: Донациите се доброволни, уцените нелегитимни

СКОПСКА ЕПАРХИЈА: Донациите се доброволни, уцените нелегитимни

951
1

Скопската Епархија на МПЦ и официјално соопшти дека скандалозната одлука на црковниот одбор од Црквата Свети Константин и Елена е став на одборот и дека донациите кон Црквата не се задолжителни.

-Ги известуваме жителите од православна вероисповед од населеното место Илинден, дека одлуката со која се задолжуваат да уплатат одредена сума за изградба на новиот храм, е став на црковниот одбор при храмот „Свети Константин и Елена“.

Донирањето при градба на некој храм е секогаш доброволно и треба да е израз на слободна волја и тоа претставува дар пред Бога.

ilinedenХрамот е место што треба да нѐ обединува и собира во заедница. Затоа градејќи го храмот, да го надградуваме и меѓусебното единство, стои во соопштението од канцеларијата на Скопската православна епархија.

Инаку во текот на денот на социјалните мрежи се појави скандалозна одлука на црковниот одбор, со која се уценуваат верниците од општина Илинден, дека ако не не донираат по 100 евра од семејство за изградба на црквата, нема да можат да ги погребуваат своите роднини.

 

Коментар(1)

  1. DOKOLKU NEPREVZEMETE NESTO SO NEDOMAKINSKOTO RABOTENJE NA CRKOVNIOT ODBOR I KLISAROT VO CRKVATA SV.ILIJA VO KADINO JAS KE POVIKAM TELEVIZII I SLUCAJOT KE GO PREZENTIRAM KAJ DEDO STEFAN…SO POCIT

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *